На прво место

Многу Љангачи (предавници) се накотија во Македонија

Македонска нација

Сигурно сте забележале пред влезот на многу куќи во Македонија има табла на која пишува: ПАЗИ КУЧЕ

Има мали бубици, има шарпланинци, боксери, доги, ги има многу раси да не ги бројам. Овие кучиња се типични чувари, тоа е традиција во Македонија, и тоа е добро, за недај боже. Во Македонија од поодамна има една нова сорта на кучиња која многу брзо се накоти, таа сорта на кучиња се вика ЉАНГАЧИ- ПРЕДАВНИЦИ НА СВОЈОТ РОД.

За овие кучиња специфично е тоа што одат по секој кој ке им фрли коска, а богами им фрлаат и месо, во зависност колку треба да лаат. Во последниве години – поточно после 1990 г. оваа нова сорта на кучиња беше за многумина Македонци непозната, односно не знаеа кој ги храни. ЉАНГАЧИТЕ ги има насекаде, ги има кај нас, ги има и кај нашиве соседи, само лаењето на овие кучиња е различно, кај нас лаат многу гласно ПРОТИВ СВОИТЕ, кај нашите соседи потивко и пак лаат против нас.

За нашиве Љангачи поголемиот дел од храната е увозна, им ја носат од некои фабрики од нашето соседство, фабрика за ваква храна порано имаше во фабриката „Белград„, денес најквалитетната храна за Љангачи се произведува во фабриката „Атина„ и „СОРОС“. Овие денешниве добро нахранети кучиња, се истите тие или нивните потомци кои и во минатото јаделе од истата храна која се произведуваше во овие фабрики.

ЉАНГАЧИТЕ се добро издресирани да лаат по своите, по блиските, по пријателите, по се што е Македонско, па затоа не се многу омилени кај народот. Исто така, оваа раса на кучиња се добро издресирани да лаат ако изговорите : Македонска нација, Македонија држава, ВМРО, Античка, реагираат и ако ги спомнете имињата: Никола, Ѓорге, Драган, Филип, Александар, Клеопатра…

Сепак, во последниве година-две, најосетливи се ако случајно го слушнат зборот античка, а по античка ја спомнете Македонија, е тогаш тешко Вас, бегајте, ке лаат толку долго додека не им јават од домот за згрижување на кучиња да престанат.

Како добар познавач на оваа раса кучиња еве неколку совети како да се однесувате, и на што мора да внимавате : кога сакате да го изговорите зборот античка, а не сакате да Ве лаат, веднаш после овој збор додајте го името на јужниот сосед, тогаш ведаш ке се смират и нема да Ве лаат, внимавајте, никако не смеете да изговорите-Македонија. Ако пак сакате да Ви се лигават, тогаш изговорете го зборот славјани или зборувајте за трските од Дунав, тогаш бидете сигурни, нема повеќе глас да им слушнете..

Јас досега не сум се исплашил од овие кучиња, најверојатно затоа што сум се навикнал, долго време имаат лаено по мене.

Кучињата лаат и кога се плашат, куче лае од страв. Таткоми бог да го прости, ме научи да не бегам кога куче лае, сеедно дали е наше-домашно или од соседите, ако бегаш ќе те нападне, тогаш тешко тебе. Кога лаат, најдобро е полека да поминеш покрај нив и да не ги есапиш. Само треба да ги погледнеш во очи, колку да знаат дека си ги препознал, дека се ЉАНГАЧИ-ПРЕДАВНИЦИ НА СВОЈОТ РОД.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top