На прво место

Прослава на Бадник и Божиќ на Православните Христијански верници во Македонија

Бадник

БадникБадник традиционално  ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што на годинашниот кум Јовица Угриновски ќе му биде врачен преодниот бадникарски ќуп. Православните христијански верници во Македонија го слават Бадник, еден ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Манифестацијата, вообичаено, почнува со подигање на бадникарското знаме, по што следува осветување на бадниковите гранчиња, нафората, топлата ракија и чајот од страна на свештенослужители на Соборниот храм.  На платото пред храмот бесплатно ќе бидат делени бадникови гранчиња.

Архиепископот Охридски и македонски, г.г. Стефан со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и на сите добронамерници. Ќупот на бината ќе го донесат минатогодишните кумови, членовите на групата „Синтезис“.

Здравицата за здравје, среќа и успех ќе ја каже Братислав Димитров, a на скопјани ќе им се обрати и градоначалникот Коце Трајановски.

Свештениците од соборниот  храм „Свети Климент Охридски“, потоа  ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа од падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.
Јовица Угриновски и Братислав Димитров - Кумови за Бадник 2010
Годинашниот кум на манифестација д-р Јовица Угриновски ќе го прими преодниот ќуп од поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот oхридски и македонски, г.г. Стефан, кој со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и на сите добронамерници. Ќупот на бината ќе го донесат минатогодишните кумови, членовите на групата „Синтезис“.

Скопското бадникување  започна во јануари 1993 година, од тројца повозрасни скопјани Александар Пановски – Мац, Борче Петрушевски – Скијачот и Кире Пановски- Тип. Поттикнати од случај кога една старица не можела да си купи бадниково гранче, тие самоиницијативно таа година од Водно набрале бадникови гранчиња и наздравувајќи со чашка топла ракија бесплатно ги делеле на влезот од пазарчето Буњаковец.

Следната година бил формиран одбор за традиционална прослава на Бадник, а од 1994 година се востанови редовна практика на оваа манифестација да има Бадникар – кум. Меѓу кумовите на оваа манифестација биле многу познати бизнисмени и личности од јавниот живот на Скопје.

Предвидена е и богата програма во рамки на која ќе настапат повеќе познати естрадни ѕвезди. Пригодни подароци, организаторите на бадникувањето ќе им однесат на лицата згрижени во Домот за стари лица во Злокуќани.

Годинава пред Соборниот  Храм  „Свети Климент Охридски“ ќе биде спроведена акција за собирање средства за обнова на манастирот „Свети Јован Бигорски“, со што скопјани на овој убав и свечен ден ќе ја покажат својата солидарност и хуманист.

Во пресрет на Бадник, вечер во скопските маала и во другите населени места во Македонија ќе се одржат народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутрина, пак, Рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња.

Македонскиот народ  со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
Посна Бадникова трпеза
Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и  според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.

Весели  Божиќни празници!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Клеопатра

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top