На прво место

Дваесет години фарса во преговорите со името

name-dispute

name-dispute

По повод 13 септември 2015 година, кога се навршуваат 20 години од потпишувањето на Привремената спогодба во ОН, со која требаше да се нормализираат односите меѓу Република Грција и Македонија, Обединетата македонска дијаспора повика македонската Влада да ги напушти преговорите кои се водат со посредство на медијаторот на ООН Метју Нимиц.

На 13 септември 1995 година во Њујорк беше потпишана Привремената спогодба. Со овој договор, Македонија се согласи да со смени своето знаме (ѕвездата од Кутлеш) и да го пополни Уставот во делот од преамбулата каде што се вели дека Македонија нема никакви територијални претензии кон ниту еден од своите соседи. Грција пак се обврза да не го попречува зачленувањето на Македонија во меѓународните монетарни институции, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и други под прифатената времена референца. Исто така до договорот е предвидено дека Македонија може да бара да биде зачленета под уставно име, но, Грција го задржува правото на блокада на приемот на земјата ако не е под времената референца.

Од тогаш до денес изминаа 20 години на јалови преговори за името, од кои Грција направи фарса. Додека се преправаше дека преговара, Грција ја блокираше Македонија да стане членка дури кога таа бараше тоа да го направи под привремената референца. Сепак, во овој период повеќе од 135 земји ја признаа Република Македонија под уставно име.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во врска со ова прашање има непоколоблив став уште од самото свое основање (2004). Според неа, сега е крајно време, трајно да се прекинат “преговорите“ со Грција околу името на Македонија. Тие бараат од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски на претстојното Генерално собрание на ОН, на 2 октомври, да објави дека Македонија засекогаш се повлекува од оваа фарса “преговори“.

Силно се верува дека се` додека Македонија не го превземе овој чекор, актерот на оваа фарса и заведените од него, ќе продолжат да го негираат македонскиот идентитет и името, како и правото на национална држава.  

Македонците од македонската дијаспора која е и најголем инвеститор во економијата на земјата и во иднината, како што велат од ОМД, насекаде во светот внимателно ќе го следат говорот на премиерот и очекуваат од него да покаже лидерство.

ОМД во својот повик до македонското раководство, истовремено ја потсетува македонската јавност за сето она со што Македонија се соочи од страна на својот сосед Грција од своето осамостојување во 1991 година до денес.

Таа потсетува дека Грција го блокираше членството на Македонија во Обединетите нации, дека Грција од 1992 до 1995 година воведе економско ембарго за Македонија и покрај притисокот на Европската заедница тоа да биде прекинато. По приемот на Македонија во ОН под времената референца, Грција одби да ја прифати Република Македонија во официјалниот адресар под буквата М. Во 1995 година Македонија беше принудена да ја прифати времената спогодба и да го смени своето знаме – симболот за Македонците и да го смени Уставот под притисок на Грција.

ОМД исто така потсетува дека во 2008 година Грција го блокираше членството на Македонија во НАТО, спротивно на член 11 од Привремената спогодба на ОН, наведувајќи ирендетизам како главна причина. Во 2009 година, Грција ја блокира Македонија за добивање датум за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, а во 2011 година, Меѓународниот суд на правдата (МСП) гласаше во корист на Република Македонија, потврдувајќи дека Грција ја прекршила привремената спогодба од 1995 година, со ставањето вето за приемот на Македонија во НАТО.

Сето ова ќе резултира со внатрешните проблеми во Македонија. Како што велат од ОМД, „како резултат на активностите на Грција, како и инертноста на САД, ЕУ и НАТО да изврши притисок врз Грција за да Македонија си го обезбеди заслуженото место“. Тие сметаат дека, пристапот на Европа кон Македонија е непринципиелен и нелегален.

За ОМД, добрососедските односи се двонасочна улица. Како што велат, не може да се биде добар сосед, доколку едниот сосед на другиот не му го признавате правото на самоопределување, ниту пак е оправдано ако другиот му ја  поткопува куќата на својот сосед.  

Меѓу другото, на крај од своето обраќање на ОМД вели дека таа никогаш повеќе не била убедена во потребата Македонците да се обединат и да работат заедно за да се изгради уште посигурна, слободна, демократска и просперитетна татковина. На крај тие ќе посочат дека „Нашата иднина е во наши раце – ајде да се осигура дека таа е светла“.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top