На прво место

МАРА БУНЕВА И СОФИСКИТЕ ВРХОВИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

todor

todor

Пишува Тодор ПЕТРОВ

На 13 јануари годинава, 2016, се навршуваат 88 години од атентатот што го извршила Македонката од Тетово Мара Бунева во 1928 година врз српскиот државен обвинител Велимир Прелич во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, се самоубила…

Мара Бунева основно училиште завршила во Тетово, а во Скопје гимназија. Таткото на Мара Бунева, Никола С. Бунев бил пријател на видниот публицист родум од Тетово, Матеjа Геров и на д-р Никола Герасимов. Во семејството на Мара Бунева имало шест деца: Борис, Лазар, Мара, Надежда, Вера и Елена.

По аферата со затворањето и судењето на македонските студенти во Скопје од страна на српските окупаторски власти во Македонија во 1927 година, Мара Бунева во знак на одмазда на 13 јануари 1928 година извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелич, на кејот на реката Вардар, кај Камениот мост во Скопје. Извори велат таа се жртвувала за брат и’ кој добил задача за атентатот, но место него таа го ликвидирала Прелича. Веднаш по атентатот, Мара Бунева самата се застрелала да не падне во рацете на српските окупаторски власти. На повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари 1928 година кога и умира.

На атентатот што го извршила Мара Бунева врз Велимир Прелич му претходел голем судски процес на 20 македонски студенти во Скопје, кој побудил големо интересирање кај европската јавност. Судените биле членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО), основана во 1923 година во Виена, Австрија. Таа имала своја мрежа во Берлин, Грац, Лајпциг, Прага и Париз каде што студирале Македонците од Македонија. Истовремено, ММТРО свои јадра создала и во Македонија – во Скопје, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Берово, Струмица, Тетово, Радовиш и во Неготино. Организатор на ММТРО бил Иван Бојаџиев од Велес, кој студирал во Виена, Австрија. Толку за историјата…

…Веќе стана декор, на тој ден, денот на атентатот врз Прелича, или ден порано подоцна, годинава, 2016, на 10 јануари, Бугарскиот културен клуб во Скопје – софиски платеници за ситни туѓи и други интереси, кои како алиби за својот криминал во Македонија велат дека се монтирани жртви на србо-комунистичката власт заради нивниот врховизам софиски – да ја чествуваат Мара Бунева со панихида во македонската црква Свети Димитрија до Камениот мост во Скопје, а потоа на кејот на реката Вардар, неговите членови и гостите од Бугарија да стават нова спомен плоча, којашто секоја година други ја кршат, откога Бугарите изнасликани за спомен, од Македонија ќе си заминат.

На годинешново чествување во Скопје дојде и бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. “Најголем македонски град во никој случај не е Скопје, најголем македонски град е Софија! Денес во Македонија има луѓе кои се нарекуваат Македонци. И ние го почитуваме тоа. Ние ќе го браниме нивното да се нарекуваат како што сакаат. Ние со нив немаме спор. Нашите спорови се на север, на запад и на југ од Македонија. Ние во Македонија и со Македонија немаме спор. Да не говориме дека веројатно три четвртини од луѓето кои се тука на чествувањето се со пасоши од Република Бугарија и имаат свои корени во денешната Република Македонија“ – рече Џамбаски во Скопје и остана жив!

Се разбира, Софија е поголем македонски град од Скопје, затоа што основата на Бугарија е Македонија, основата на бугарскиот демос е македонскиот етнос, во Бугарија има се’ само Бугари не’, во Бугарија нема македонско малцинство бидејќи мнозинството се Македонци! Кога и да е, ќе ја научат таа лекција, ќе се вратат на корените на Стара Македонија, откога ќе се одлепат од “корените“ во Татарстан, Кина и Монголија!

Како и да е, на годинешното одбележување имаше силно полициско обезбедување, но за разлика од минатите години немаше инциденти, ниту физички пресметки. Клекнати на колена со едноминутно молчење и развиорени знамиња, меѓу нив и унгарски по грешка место бугарски, на кејот на Вардар, дојдоа стотина гости со автобуси од Бугарија да оддадат почит на Мара Бунева.

Чествувањево не’ потсетува на оној вицот со Бугаринот кој застанал на Камениот мост, дерејќи се на цел глас “Аска с’м б’лгарин! Аска с’м б’лгарин!“ иако никој не му обрнувал внимание, за на крајот, западнат во очај, да подзастане случаен минувач со зборовите “О баче, аска с’м б’лгарин!“ А, случајниот минувач во од’ и бледо да му возврати “Па, кој ти е крив бе човек што си Бугарин!“

Секоја година, пластична плоча за Мара Бунева на Кејот поставуваа приврзаниците на Бунева од Бугарија, следниот ден секогаш беше искршена. Минатата година Бугарите на диво поставија бронзена плоча, ја зацрвстија со подолги метални клинови во бетонот, до неа подоцна иста плоча за Бунева постави и Македонското патриотско друштво Тодор Александров од Македонија.

Во сета оваа пародија, чудно е зошто власта во Македонија не реагира? Ја удостојува Европската Унија и софиската антимакедонска политика во престолниот град на државата Македонија? Или, молчиме, затоа што гребајќи се за членство во НАТО и Европската Унија, од намерата да ја одвратиме Софија од вето како и Атина кон Македонија? Замислете, кај ќе ви текне низ светот да правите процесии и да си лепите спомен плочи, без одобрение на домицилните власти, независно дали тоа некого провоцира или се санкционира?! Ама, еве кај нас во Македонија и тоа е можно, земи си автобус од туристичка агенција и на пат за Македонија на слава или помен. Не е важно зошто и кому! Затоа и ни го прават ова, ја сметаат за трло без кучиња Македонија. При македонска власт, зарем граѓаните треба да ставаат ред во центарот на Скопје, главниот град на државата Македонија?

Би рекле, во ред, дошле, направиле помен, секое чудо за три дена, многумина на погрешни места парадираат и без да знаат што чествуваат, извршиле уште еден неуспешен обид за провокација и толку, никој не им е виновен на Бугарите за тоа што се. Ќе талкаат уште некое време за да стигнат до корените и целта, како Македонци до нивната Македонија. Но, загрижува зошто македонската власт ги остава да парадираат и сами без никакви дозволи да лепат спомен плочи каде што сакаат, како што тие историјата ја читаат, наспроти државната во Македонија? Треба културно да им се каже на организаторите, дека процесијата ќе им биде обезбедувана со полициски сили, на определена маршута, ама нема да им се дозволи да лепат што сакаат и каде што сакаат, им се дава дозвола со време од до и место каде, и толку, сето останато се санкционира, како и кај нив во Брисел и Софија! Би дозволиле ли бугарските власти истото да го прават Македонците од Македонија со спомен-плоча во Софија? За гробот на Јане Сандански, веќе е научена лекција, тој ден влезот им е забранет на Македонците од Вардарска во Пиринска Македонија.

И, секако, чествување на реципроцитетна основа! Мирно чествување на Македонците во Бугарија, истото за Бугарите во Македонија. Во спротивно, нема дозвола за чествување на Кејот на Вардар во Македонија, како што Софија секоја година ги враќа Македонците од границата да не присуствуваат на чествувањата за Јане Сандански на Роженскиот Манастир до Мелник во Пиринска Македонија!

Се разбира, Мара Бунева е Македонка, Тетовчанка. Не знаела дека денес ќе ја слават Бугарите од Софија во Македонија. Впроче, не е никаква тајна дека за официјална Софија, Македонците се Бугари, а Македонија е “западна покраина на Бугарија“, вечната неизживеана романса! Ама, и да е така иако не е, од толку историја, датуми, настани и личности, цареви, кралеви, династии, војводи, комити, зошто Бугарите ја слават само Мара Бунева во Македонија? Во Скопје има доволно споменици, можат секој ден да шетаат по цркви и гробови со помени, да полагаат цвеќе на секој камен во Македонија. Ама, ете, Мара од Тетово им е најдрага. Дури и се смешни, кога се на купче, како зомби на сопственото опело. Тукуречи и за жалење, човек треба да ги разбере и да им помогне, да им го покаже патот на спасението и откровението.

На Бугарите од тајфата на Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД и сличните веќе видени циркузанти, воопшто и не им е важна Мара Бунева, таа служи само како параван да демонстрираат присутност и да ја провоцираат јавноста, ама само предизвикуваат антипатија и индигнација меѓу Македонците во светот и во татковината!

Бугарите и прософиските одродници во Македонија историјата за Македонија ја читаат според српско-бугарско-грчките интереси од времето на Балканските војни 1912-1913 година, кога Србија, Бугарија и Грција извршија окупација врз Македонија и геноцид врз македонскиот народ кој до денес се’ уште трае.

Да не се смешни, би биле жални. Ним Мара од Тетово и не им е драга за чествување, важно им е дека убила српски државен службеник, тоа е доволна причина за Бугарка да ја сметаат. Стара е бољката: Македонците во Бугарија за Софија се белградски врховисти, Македонците во поранешна Југославија за Белград беа софиски врховисти. За Белград и Софија, Македонци не постојат! Уште да знаат како да се договорат и да го доподелат тоа што остана од Македонија по дислуцијата на поранешна СФР Југославија! Тоа е поводот зошто како утки шетаат од македонската црква Свети Димитрија до Кејот на Вардар, а од Софија за Скопје со белградска карта доаѓаат во Македонија. Ако ништо друго, барем да си ја видат мајката Македонија, со аманет повторно да се вратат догодина, истото да го повторат. Не џабе народот рекол, има каравани, но и кучиња што по нив лајат…

Бог да ја прости Македонката, Тетовчанката, хероината Мара Бунева и вечна и памјат, се разбира, добро дело за Македонија сторила, но НЕ за Бугарија! Патем, сите го градиме македонскиот ѕид на отпорот и непокорот, а не’ слават сите, друго и нема, коренот и татковината Македонија – основата на Балканот во целина, македонската цивилизација – основата на денешните балкански нации-држави како креации на интересите на големите сили за свои сфери на влијание на овие простори… Е, ни иде умот… тро по тро и ќе дојде…

А по повод Мара Бунева, повторувањето: Македонија повторно е суверена држава, Македонците повторно се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и таа историја и вистина повеќе никој и никогаш не може да ја смени!

Патем, врховизмот не е етничко, туку геололитичко прашање, а значи сервилност на определена номенклатура, која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт во Македонија бара од некоја од соседните метрополи Софија, Белград или Атина!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Македонија слободна! Амин!

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top