На прво место

Пак би донел одлука за аболиција оти СЈО работи против ВМРО-ДПМНЕ

Пак би донел одлука за аболиција оти СЈО работи против ВМРО-ДПМНЕ

Давајќи приказ на местоположбата на СЈО во Скопје и непосредниот повод за уличните протести во државата, кои почнуваат секогаш пред Обвинителството, весникот потсетува што се случуваше на политички план во државата во изминатата година и половина, почнувајќи од објавувањето на „бомбите”‚ до потпишувањето на Договорот од Пржино

Линијата на поделба минува долж партиите и семејствата, а причините за тоа имаат корени далеку во историјата на поделената земја, која некогаш важеше за предводник”, оценува угледниот „Франкфуртер алгемајне цајтунг”, пренесува Дојче веле.

Текстот на „Франкфуртер алгемајне цајтунг” (ФАЦ) со наслов „Три Чарлиеви ангели”, почнува со оценката дека во „идеален случај” приказната за Македонија и кризата во земјата би можела „да заврши” со работата на Специјалното јавно обвинителство. Давајќи приказ на местоположбата на СЈО во Скопје и непосредниот повод за уличните протести во државата, кои почнуваат секогаш пред Обвинителството, весникот потсетува што се случуваше на политички план во државата во изминатата година и половина, почнувајќи од објавувањето на „бомбите”‚ до потпишувањето на Договорот од Пржино.
„Речиси една година потоа, Специјалното обвинителство е речиси сѐ што остана од овој Договор. Резултатите од истрагите кои тоа ги објавува од почетокот на годинава пружаат материјални докази за заклучокот, кој во еден ЕУ-извештај минатото лето сѐ уште беше формулиран како претпоставка: ‘Како што се чини има директна вклученост на високи владини претставници во илегални активности’.”
Наведувајќи дека на протестите во Македонија луѓето носат маички со трите букви СЈО и силуети на „Трите Чарлиеви ангели”, ФАЦ пишува:
„Тие се отелотворение на надежта (на оние што протестираат, н.з.) дека нивната земја ќе се ослободи од стегот на една политичка елита која својата благосостојба се чини ја има ставено над законот.
Претседателот Ѓорге Иванов, на прашањето дали повторно би донесол одлука за помилувања како на 12 април, одговара уште пред да го завршите прашањето: ‘Да!’
Притоа, се случи токму спротивното од она што тој тогаш го рече во својот телевизиски говор: ‘Неопоходно ни е национално помирување’…
Иванов не е надвор од реалноста, тој само делува во една поинаква стварност. Разговорот со него води кон длабоката поделба на македонското општество, која се протега долж семејствата, пријателите и соседите и во историјата на која печат ѝ даваат насилството и теориите на заговор, историја на Македонците чиј идентитет постојано се става под знак прашалник од соседите на север, југ и исток.
‘Оваа атмосфера на конфликт е дело на Специјалното обвинителство’, вели Претседателот. ‘Тоа (СЈО, н.з.) истражува селективно само против владејачката партија.’…
Затоа што опозицијата не успевала да победи на избори, сега се обидувала да дојде на власт на поинаков начин, смета Претседателот…
Иванов вели дека сегашната криза не е ништо друго освен ново поглавје во приказната која трае повеќе од сто години…
И, онака како што фракционерските борби во ВМРО некогаш биле разгорувани од страна на соседите, според Иванов, така и денес македонско-македонскиот конфликт е дело на надворешни сили…
Поради спорот со името, Грција спречува прием на Македонија во НАТО и почеток на преговори за приклучување во ЕУ, иако Европската комисија веќе седум години препорачува почеток на преговори.
‘Тоа е вистинската причина за фрустрацијата на младата генерација’, вели Иванов.
Македонија некогаш важеше за предводник на реформите на Балканот. И, ако му се верува на Никола Груевски, таа е тоа и денес… Груевски не е веќе премиер, затоа што согласно Договорот од минатото лето, мораше да се повлече на почетокот на годинава. Но, никој во земјата, ниту пријател ниту непријател, не се сомнева ни малку во тоа дека тој сѐ уште е вистинскиот владетел…

Вечер

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top