На прво место

Чествување на Св. Кирил и Методиј во Австралија

sv-kiril-i-metodij-avstralija-1

sv-kiril-i-metodij-avstralija-1

Македонското литературно друштво ‘Кочо Рацин’ од Мелбурн организира Саем на книгата под мотото “Со љубов кон македонскиот јазик“.  Беа изложени македонски книги, романи, историја, поезија и детска литература. На Саемот присуствуваа градоначалникот на Општината Витлси, Стеван Козмевски, Мери Лалиос од Општината Витлси, Ацо Талевски, истакнат активист во Македонската заедница, Маргарита Василева, Игор Павловски. Програмата започна со рецитирање на поемата Денови на англиски со Гордана Димовска и на Македонски со Крсте Наумовски Мечкар. Специјално за овој Саем од Камбера допатува и Доне Димов кој раскажа за егзодусот, како дете бегалец во Граѓанската војна во Грција. Следуваше рецитирање на детски песни со Шана Јовановска а потоа писателите и поети  Кочо Крушорати, Нове Младеновски, Виолета Јовановска, Крсте Наумовски Мечкар, Љубица Поповска, Вера Горгиева, Стеван  Ацески, прочитаа дел од своите творештво. Во детската работилница, децата со голем интерес ги изучуваа македонските букви преку боење и пишување за потоа да ги претстават пред публиката. Градоначалникот Козмевски, ја поздрави иницијативата и ги охрабри членовите да продолжат со вакви активности и дека на овој ден тој се почувствувал многу горд и дознал многу повеќе за македонскиот јазик. Мери Лалиос исто така ја поздрави иницијативата и укажа на важноста од одржување на вакви манифестации а се заложи да помогне за поставување на книги од македонските автори во библиотеките.  Претседателката на МЛД Кочо Рацин, Гордана Димовска во своето обраќање рече: “Почитувани, го одржуваме овој Саем на книгата во пресрет на  големиот празник на македонските просветители, учители, Св. Кирил и Методиј. Јазикот и писмото се огледало на човековата душа, светлина која сее знаење и мудрост, чувство на припадност кон еден народ. Денес сме тука да се потсетиме на величенствената мисија на Св Кирил и Методиј кои го просветија народот создавајќи ја првата азбука со што тие внесоа светлина во помраченоста на народот кој не познаваше туѓи писма а свои немаше. Од семето што го посееја, денес го жнееме најубавиот плод, македонскиот јазик, македонската развиена книжевност. Да продложиме по патот на светлината со силна љубов и силна афирмација на македонскиот јазик и писмо, кое ни го дадоја и за кое се жртвуваа нашите претци. Нека ни е честит Св. Кирил и Методиј“.

sv-kiril-i-metodij-avstralija-2

sv-kiril-i-metodij-avstralija-3

sv-kiril-i-metodij-avstralija-4

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top