На прво место

МПЗ ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ ОРГАНИЗИРАШЕ ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ

ДЕМАНТ-КАДЕ БЕА СОРОСОВИТЕ ОПОЗИЦИСКИ ПОРТАЛИ ДА ПИШУВААТ ЗА МПЗ ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ КОГА ЗДРУЖЕНИЕТО ОРГАНИЗИРАШЕ ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ И ВИДЕО СНИМКИ КАКО МПЗ ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ БЕА ПРЕЧEКАНИ ВО КРУШЕВО.

МПЗ Тодор Александров категорички ги отфрла обвинувањата од порталите на Опозицијата и нивните монтажи,за наводен нацизам или фашизам,нашето здружение има програма во која се стреми за заштита и афирмација на македонските национални култрурни вредности,организира панихиди,трибини,чествувања, поставувања на спомен бисти и спомен плочи на македонски херои и се бори и залага за заштита на македонскиот национален идентитет.Јавно прашуваме каде се овие опозициони соросови портали кога нашето здружение организира трибини од научен карактер на кој присустувуаат најеминентни историчари,етнолози, политиколози и слични авторитети. Се прашуваме каде се овие соросови опозициски портали да напишат нешто за нашето здружение кога МПЗ Тодор Александров организаираше хуманитарни акции и концерти,каде беа да објават кога нашето здружение организираше хуаманитарни акции за поплавите во битолските села.Не бираат начин за комромитирање на наши членови објавуваќи и приватни фотографии на деца на наши членови.Овие опозициони портали не нападна веднаш по лажните обвинувања на Општинската организација на СДСМ-Крушево.Притоа сакаме да истакнеме дека имавме информации уште кога здужението пристигна во Крушево на 31 август 2016 , дека лица блиски на СДСМ спремаат комромитирање на здружението и дека имало нивна негативна реакција за нашето присуство и кога наши членови делеа памфлети и плакати, а лица блиски на опозицијата ги искинаа.

Премногу е смешно да се објавуваат фотографии од наши членови кои на шега се сликале со играчки за мали деца изработени од пластика,а овие платеници да пишуваат дека се работело за автоматско оружје или кога наши членови се фотографираат со музејски артефакти и музејско оружје во македонските музеи.

МПЗ Тодор Александров не украде никаква прослава, туку скромно и достоинствено се приклучи и беше дел од Илинденскиот марш заедно со другите здруженија, залудни се сите обиди за оцрнување.На ова видео може да си види како беше со аплаузи и овации дочекано од граѓаните на Крушево нашето здружение и останатите здруженија.

Се прашуваме каде беа овие сорос-опозициски портали кои на најдрзок и најнизок начин го оцрнуваат здружението МПЗ Тодор Александров да критиковаат кога Шараената револуција ги сквернавеше спомениците на Илинденците и ги исмејуваа и понижуваа македонските херои.Што се однесува до раководството на СДСМ-Крушево би им препорачале ако имаат малку доблест подобро е да искажаат најмал револт за шарењето на спомениците на нивните сограѓани во Скопје, на Питу Гули, Никола Карев,АСНОМ,Децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија,Александар Македонски но и на други македонски дејци кој ги положија своите животи за Македонија.

На крајот повторно сакаме да потенцираме, дека МПЗ Тодор Александров се залага за заштита на Македонските национални, историско- културни вредности и нивно достојно почитување.МПЗ Тодор Александров се залага за национално помирување помеѓу македонскиот народ, без разлика на неговата политичката или верска припадност.

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top