На прво место

Ченто беше за обединета Македонија под протекторат на Америка

Liberation of Skopje

Советски документи за дејноста на претседателот на заседанието на АСНОМ

Liberation of Skopje

Претседателот на АСНОМ и подоцна претседател на неговиот Президиум, Методија Андонов-Ченто, многу брзо ќе дојде до судир со тогашните југословенски власти кои ќе го присилат да ги напушти сите функции.

Во ноември 1946 година, бил обвинет дека се борел за обединета Македонија и дека барал отцепување на НР Македонија од Југославија. Истовремено, како грев му се припишувал наводниот обид за бегство преку граница. Поради тоа бил изведен пред суд и осуден на 11 години затвор каде што остана до септември 1955 година.

Дека големиот македонски патриот не можел да се помири Македонија да биде распарчена и дека сакал таа да се обедини потврдуваат и некои советски дипломатски документи кои на јавноста и ги презентира д-р Владо Ивановски, од кои најважните делови се пренесуваат во најновото издание на ???…

Двајца советски дипломати, В.П. Григоров и И. Н. Агеев, од 13 до 23 јули 1945 година ја посетиле Македонија и притоа во Скопје на 20 јули имале подолг разговор со претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто.

Во извештајот до својата амбасада во Белград, меѓу другото, ќе напишат: “Тој (Ченто) нў праша дали сме го слушнале соопштението на радио од средбата на тројцата раководители на трите големи држави за тоа дека, наводно, тие дошле до заклучок за неопходноста од создавање самостојна Македонија под покровителство на Америка“

Исто такво прашање ни постави и секретарот на АСНОМ, Спиров, кој влезе додека разговаравме со Андонов-Ченто.

Спиров го изрази своето мислење дека е прифатлива идејата за протекторат на СССР или Америка над Македонија само да не се реализира варијантата Македонија под протекторат на Англија. Притоа, тој ја разви мислата за можноста за постоење самостојна Македонија под покровителство на Америка, под услов да бидат зачувани денешните органи на државната власт и на армијата. Економската соработка треба да биде база за подем на Македонија. Ченто, во принцип, со ништо не му се спротивстави на својот колега. Меѓутоа, изрази сомневање за тоа дека денешните органи на државната власт ќе можат да се зачуваат за време на американскиот протекторат, кога Америка ќе ги земе во свои раце командните места во македонската економија°.

Нецел месец подоцна по разговорот што ги имал во Скопје со двајца советски дипломати, кон средината на август, Методија Андонов-Ченто за време на престојот во Белград ја посетил советската амбасада и два часа разговарал со висок претставник на советската амбасада. Во него претседателот Ченто бил мошне критичен кон севкупните состојби во Македонија, пред сў, политички и економски. Меѓу другото, Ченто го информирал претставникот на амбасадата за наводното непочитување на законитоста во Македонија, за фамилијарноста во раководните структури, за недостигот од основни прехранбени продукти, за експлоатацијата на македонските добра и така натаму. Посебно внимание посветил на причините за одењето, односно, како што рекол, “за отстранувањето° поголема група политички и воени раководители од Македонија и нивно праќање во Белград. Притоа, ги навел имињата на Михајло Апостолски, Киро Глигоров, Владимир Полежина, Лазар Соколов, Петре Пирузе, Венко Марковски…

Нормално, по сите овие разговори што ги имал со дипломати од Советскиот Сојуз, а кои најверојатно им биле познати на тогашните југословенски власти, започнала хајка против Методија Андонов-Ченто.  Во ноември 1946 година, бил обвинет дека се борел за обединета Македонија,  беше сменет и осуден на 11 години затвор каде што остана до септември 1955 година..

Ченто подоцна со одлука на Уставниот суд на СР Македонија беше рехабилитиран.

Најново од: На прво место

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

To top