На прво место

40 годишнината од формирањето на МЕУ „11 Октомври“ од Јагуна

meu-11-okt

meu-11-okt

Во Сиднеј се одржа Прославата на 40 годишнината од формирањето на МЕУ „11Октомври“ од Јагуна , како самостојно училиште во кое се изучува само македонскиот јазик и македонската култура.

Покрај многубројните ученици, родители, пријатели на македонскиот јазик и учители,на прославата  присуствуваа и Претседателката на Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, Госпоѓата Жаклина Михајлова, како и  Госпоѓата  Луција Џонс, потпретседател на Федерацијата за јазици на заедниците на НЈВ.

На прославата беше истакнато дека , во 1976-та година, на 26-ти јуни, по иницијатива на група македонци, меѓу кои најгласни и најинволвирани биле Петре Јанкуловски, Вангел Настевски, Димко Стојчев, Симе Наумовски, Ацо Хрстиќ се отвора МЕУ „11Октомври“ во Јагуна. Веднаш бил формиран Училишен одбор, а за прв претседател бил избран Пеце Јанкуловски, а потоа за претседател повеќе пати бил избран Вангел Настевски се до неговата смрт.

Првите учители биле Васка Тодоровска и Апостол Апостоловски.

На првиот уписен ден во училиштето се запишале  137 ученици, а со нив имало уште толку родители,баби и дедовци така што училишниот двор бил преполн со луѓе.

Заради големиот број на ученици наставата се одржувала во две смени.

Тогаш родителите со радост ги носеле своите деца на училиште, очекувале тие да го зборуваат македонскиот јазик, да научат да читаат и да пишуваат, да си ги сочуваат корените.

Од отворањето на училиштето до денес , во ова училиште  учеле околу 3000 ученици и предавале 50-тина учители. Училиштето работи под чадорот на Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, а е делумно финансирано од Министерството за образование на НЈВ.

Во овие 40 години МЕУ „11Октомври“ бележи плодна воспитно-образовна дејност.Секоја година се запишуваат нова генерација на македончиња да го изучуваат македонскиот јазик. Со учењето на македонскиот јазик децата се запознаваат со културното наследство на Македонија, со нивната историја , географија,традиција и култура. Многу е важно македонскиот јазик да се изучува помасовно, да се негува, чува и дочува. Не смееме да дозволиме македонскиот јазик да се заборави. Голема благодарност на сите родители,баби,дедовци што ги носат нивните деца и внуци во македонско училиште.Тие им давааат едно културно наследство што со пари не се купува.

Наставата во ова училиште денеска е современа и модерна. Учителите се подготвени со висока стручна спрема, значи сите имаат завршено факултет за учители, а плус тоа постојано се обучувааст за најсовремените методи за наставата по јазик овде во Австралија. Учениците се присутни на сите големи манифестации кои ги организира МПУО: Свечената Академија„Св Кирил и Методи“, Натпреварот по рецитирање, Зборувајте македонски во март, Добротворниот бал за македонскиот јазик во НЈВ, како и матурската вечер и се разбира, Годишниот концерт на училиштата по македонски јазик. Но, учениците од Јагуна прават и свои приредби во текот на годината , на кои настапуваат сите ученици. Најзначајна е приредбата за крај година. Училиштето „11 Октомври“ секоја година во училишниот двор  организира прослава по повод патронатот и на крајот од учебната година има свечено доделување на свидетелствата и  приредба на која учениците  рецитираат стихотворби и пејат песни, а родителите организираат богата македонска трпеза со јадење, така да учениците со радост ги чекаат овие денови.

За жал, заради недоволниот интерес на родителите, бројот на учениците се намалува. Оваа година има само 37 ученици. Се надеваме дека следната учебна година ќе имаме повеќе ученици.

Апелираме до сите македонци да ги запишат децата во македонските училишта затоа што иднината на македонската нација во Австралија зависи од нашите деца. Жално е но вистина е ,ако нашите деца зборуваат македонски јазик тие ќе ќе се чувствуваат како македонци и ќе бидат поврзани со Македонија, но ако не знаат да зборуваат македонски јазик нив ништо не ги поврзува со Македонија. Но, за тоа не се виновни децата. Родителите треба да им објаснат на своите деца за важноста на македонскиот јазик во нивната фамилија и да ги носат редовно во македонско училиште. Кога ќе пораснат , децата ќе ја сфатат важноста на македонскиот јазик и ќе им бидат благодарни на родителите што ги носеле во македонско училиште.Значи, од  родителите зависи дали децата ќе им одат на часови по македонски јазик.

Една од  поважните работи во македонското училиште  е дружењето со другарчиња од македонско потекло. И тоа другарство трае цел живот.

 Во своето обраќање до присутните, Госпоѓа Михајлова истакна дека: „Доволно е секој од нас, вечерва овде присутни, да си отиде дома со домашна работа и убаво и совесно да си ја изврши: Имено ако секој од нас најде едно семејство да донесе дете на македонско училште тогаш бројот на учениците ќе се дуплира. Уписот во училиштето трае секоја сабота до крајот на годината.“

Училиштето работи секоја cабота за време на школските термини од 9.00 наутро до 12.00 попладне.

Честитки за големиот јубилеј на сите поранешни и сегашни ученици и родители. Специјално им честитаме на нашите две учителки Мери Петковска и Дијана Јовчевска, кои несебично работат да се одржи училиштето и кои посветија посебно внимание за одржувањето на овој јубилеј. Тие покажаа пожртвуваност и љубов кон својата работа и ги подготвија учениците да настапат со песни, рецитации, со драма и играње. Одлично направената програма ја збогатија играорките од КУД „Вардар“ од Сиднеј, оркестарот на народни инструменти од Сиднеј, македонски пејачи и пејачки.

Несомнено, за да не се укине нешто вакво, какво што е 40 годишното училиште потребно е родителите да работат во Одборот на училиштето посветено, чесно и да ги почитуваат правилата и искуствата на претпоставените. Малку човечко разбирање ќе донесе поголема слога и љубов, но и зачувување на македонските корени во Австралија. Нека ни е честит јубилејот!

МН

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top