На прво место

Истрошени прилепски социјалдемократи

sugarevski

sugarevski

Почитувани читатели, со ова мое писмо сакам да направам една анализа и воедно да го потсетам прилепскиот електорат што прават во денешно време истрошените прилепски социјалдемоккрати. Во оваа моја анализа за жал, ќе обајавам само една актуелна личност од проста причина што на македонската политичка сцена актуелната владејачка гарнитура на чело со ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот ревносен Претседател Никола Груевски една деценија  ја имаат во раце централната власт и 11 години локалната власт. Со еден збор кажано другите истрошени прилепски социјалдемократи ќе бидат анализирани до 2005 година (локална власт) и 2006 година (централна власт).

Да одиме по ред:

Како Граѓанин на Република Македонија кој секогаш излегува на гласање било да се работи за локални, парламентарни или претседателски избори успеав да ги видам потенцијалните пратенички листи од 6-те Изборни единици од здружената опозиција за наредните вонредни парламентарни избори кои треба да се одржат за 1о-тина дена.

На мое големо иненадување видов само двајца прилепски кандидати и тоа номинирани во 4-тата Изборна единица каде токму над својот прилепски гласачки електорат ќе ја бараат довербата да ги застапуваат интересите на своето доминицилно население во новиот Законодавен дом кој по      редот на нештата се разбира ако нема проблеми треба да се конституира и почне да работи во самиот почеток на новата 2017 година.

На прв поглед солидна оценка за еднаквата полова застапеност во личностите на Хари Локвенец и Кети Смилеска.

Како прилепчанец се прашувам зошто зајчето не го стави на листата сеуште актуелниот пратеник и Координатор на Пратеничката група на СДСМ, Г-динот Горан Сугарески, кој истиот беше многу “гласовит”, и немаше пленарна седница а тој да не полемизираше и реплицираше со колегите од актуелното владејачко мнозинство.

Сигурно Зоки му верува се уште на ораторчето Хари Локвенец, кој иако, до сега 2 пати ја има почувствувано горчината на поразот, и тоа на последните вонредни парламентарни избори како носител повторно во 4-тата Изборна единица и како Кандидат за Градоначалник на Општина Прилеп каде беше катапултиран со преку 10.000 гласови разлика од актуелниот ревносен Градоначалник во Градот под Марковите кули, Г-динот Марјан Ристески, Зоки верува во ветувањата на Хари за 500-тини акумулации, 5000 нови вработувања и 5 милиони евра свеж странски капитал кој истиот го елаборираше на последните локални избори.

Но, Хари има и друга заслуга каде на едни вонредни парламентарни избори од врата на врата делеше локум, кафе и наполитанки.

До овде доста е со Хари Локвенец, а за Кети Смилеска немам некои информации само знам дека е вработена во даночното одделение при Локалната самоуправа на Прилеп.

Кои се комбинаториките за Горан Сугаревски?

Сигурно Зоки (хипотетички ако победи здружената опозиција на 11 декември) му ветува место во Централната власт или некое директорско место во Јавни установи но кои се под капата на Централната власт.

Трета варијанта е Зоки да го пушто во оган за следните локални избори. Четврта варијанта да се вети na амбасадорско место. Но тоа, не може оти тоа мора да помине со Указ на Претседателот на Република Македонија, Г-динот Горѓе Иванов. Последната 5-та варијанта за Сугарески е да земе апанажа и потоа да се врати на старото работно место чинам, Комунален инспектор кое е под капата на Локалната самоуправа на Прилеп.

Но тоа, ќе биде ситно мислам за Сугарески од финансиска гледна точка оти диспаритетот од референт до пратеник е сигурно 1:4.

Во понатамошниов дел од моево писмо ќе ја анализиран неодамнешната скандалозна Прес конференциуа на плавите момчиња на чело со првиот човеќ на прилепскиот социјалдемократски разгранок Г-динот Сашо Велески

За свикување на вонредна седница на Советот на Општина Прилеп, од причини што според нив е откриен голем криминал во ЈП ПУП.

Г-дине Велески во оваа прилика да направиме само една мала дистинкција што требаше да направи во 2005 година во месец април сега актуелниот Градо началник на Општина Прилеп, Г-динот Марјан Ристески каде истиот затекна финансиско цунами во општинската каса и во Јавните претпријатија, кои беа и се уште се под капата на Локалната самоуправа каде тогаш како татко на градот беше Вашиот сопартиец, психијатарот Сашко Пирганоски.

Во тогашното одделение за улици и патишта каде командуваше Сашо Дамески Прилеп беше мртов град Патната инфраструктура беше на ниско ниво со асфалтирање на симболичен број на учички, а одделението беше во финансиска була.

По загубените локални избори во 2005 година Дамески бега од прилепската општина и оди како референт во локалната самоуправа на Кривогаштани каде Градоначалник беше личност од плавите момчиња и да ги брои седелцата на штрковите.

Портпаролот на Пирганоски, мој колега новинар Горан Милошоски без Регулиран работен статус во тоа време останува на улица.

Актуелниот пратеник до 2006 година, а потоа и лустратор Благодче Гешоски по завршувањето на 2-та мандата и тој завршува во општина Кривогаштани. Но, за кратко време го напушта работното место. Единствен негов потег е вработувањето на неговата сопруга во ЈКП “Водовод и канализација“ ,– Прилеп.

На крајот Г-дине Заев ова е само еден мал дел од истрошените прилепски твои сопартијци. Ако не внесете за брзо време во прилепските редови свежа крв, ВМР0 ДПМНЕ секогаш “глатко“ ќе си победува во Градот под Марковите кули.

Дипло-екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top