На прво место

ОБЈАВЕНA ТРЕТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

anticki-makedonci

anticki-makedonci

Деновиве на Youtube е поставена третата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Ребека Бејли и Стефо Нанцу на кои авторот им упатува посебна благодарност. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Третата епизода исто така е посветена на сведоштвата од познатиот антички историчар Аријан, кој живеел во првиот и вториот век. Пишувајќи за поразот на персискиот цар Дарие од страна на Александар Велики Македонски, Аријан (21 погла­вие),  анализирајќи ја неговата судбина, заклу­чува:

„Се случи тој да води војна против Македонци и Гр­ци токму во времето кога ја наследил кралската моќ…“

Ваквото раздвојвање го среќаваме и во описот на Аријан за походот на Александар против Мардиј­ците (сред­но­азиски народ). Во 24-то поглавие читаме:

„Враќајќи се кон кампот од каде што започна да ја освојува земјата на Мардијците, тој (Александар) откри дека таму стигнале грчките наемници на Дарие, придру­жувани од гласници Спартанци кои престојувале во амба­садата на кралот Дарие… Тие биле уапсени и спро­ведени под стража, но притоа биле ослободени гласни­ците Сино­пејци бидејќи тие не учествувале во сојузот на Грците поради тоа што се наоѓале под персиска власт… Тој исто така ги ослободил и остана­тите Грци кои работеле за плата кај Персијанците пред склучу­вањето на мирот и сојузот што бил направен помеѓу Грците и Македонците.“    

Како објаснување на овој цитат ќе го кажеме след­ното. Македонците, за време на освојувањето на зем­јата на Мардијците, заробиле делегација соста­вена од Грци, која била во служба на Персија. Отпр­вин сите нејзини чле­нови биле уапсени и спроведени под стража, но подоцна оние Грци, кои работеле за Персијанците поради тоа што дотогаш биле држав­јани на Персија, биле ослободени, додека останатите (некои Спартанци) останале заточени затоа што работеле против Македонија во времето по воспос­тавувањето на “сојуз” помеѓу Македонците и Грците против Персија.

Аријан (поглавие 26) ги потенцира разликите помеѓу Македонците и Грците и кога пишува за убист­вото на маке­донскиот генерал Парменион, кој бил обвинет за заговор против Александар. Овде Аријан ја спомнува: „…почитта што ја имал, како од страна на Александар, така и од целата војска и тоа не само од Македонците, туку ито така и од грчките помошни трупи.“

И кога пишува за поразот на Скитите зад реката Танаис, Аријан повторно ги нагласува разликите меѓу Македонците и Грците:

„За дваесет дена тој (Александар) го утврдил гра­дот и го населил со грчки наемници и со некои од окол­ните барбари кои доброволно се пријавиле да живеат во населбата, како и со некои Македонци од неговата војс­ка, кои биле неспособни за служење војска.“

Третата епизода од серијата може да се погледне на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=vNhhj2M8ilo&feature=youtu.be

Документарен филм со дел од активностите на А. Донски може да се види на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&feature=share

Авторот и продуцентите упатуваат апел до сите македонски патриоти и пријатели на Македонија да го поддржат снимањето на серијата до крај, за што дополнителни податоци ќе најдат на следниот линк: https://www.gofundme.com/aleksandardonski .

Приклучете се и Вие кон македонските патриоти и пријатели на Македонија кои го помагаат снимањето на серијата која ќе го нанесе досега најголемиот удар против грчката анти-македонска пропаганда!

Воедно се повикуваат сите да ги испраќаат линковите од веќе снимените епизоди од серијата до што е можно поголем број странски субјекти.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top