На прво место

Трпезно грозје со поддршка од ИПАРД

grozje-ipard

grozje-ipard

Во очекување на првиот повик од новата ИПАРД 2 програма за кофинансирање и  финансиска помош, потребно е однапред да ги знаете вашите можности со цел навремено да ги планирате вашите идни инвестиции. Успешно испланирана инвестиција, со јасен план, визија и цели за остварување, може побрзо да оствари финансиска помош од ИПАРД, а со тоа вашиот бизнис долгорочно да напредува.

Оваа инвестиција е поддржана со неповратен грант од 60 до 70% во Мерка 101 како Тип на инвестиција 10121 ОБНОВУВАЊЕ И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ОВОШНИ НАСАДИ, овоштарници, вклучително и трпезно грозје, маслинки, медоносни дрва (за производство на мед).

Кој може да биде корисник по мерка 101-Потенцијален корисник

-Земјоделско стопанство

-Трговско друштво / трговец поединец

-Физичко лице за нови инвестиции

Обновување и модернизација на овошни насади се однесува на Минимум 0,3 ха до максимум 50 ха површини под овошен насад, или над 50 ха (земјоделските стопанства со регистрирани производни капацитети на овошен насад (вклучително и трпезно грозје) над 50 ха, може да аплицираат за инвестиции во обновување и модернизација на овошниот насад и во инвестиции за наводнување на максумум 50 ха).

Најмалку 1 хектар земјоделско земјиште во случај на инвестиции поврзани со земјоделска механизација,вклучувајќи ливади и пасишта.

Вкупна вредност на прифатливи трошоци за ко-финансирање по поединечен корисник изнесува во минимален износ на прифатливи трошоци од 3.000 евра;

Еден корисник може да користи средства за инвестиции од мерка 101 во максимален износ од 1.500.000 евра за финансискиот период до 2020година.

Прифатливи проекти:

Прифатливи се оние проекти кои ги вклучуваат следните инвестициони активности:

– замена на овошни насади постари од 15 години или замена на непрепорачаните овошни сорти или хибридни сорти со препорачани овошни сорти на веќе постоечките површини.

– пренамена на насадот и тоа од лозов/вински во овошен насад (вклучително и трпезно грозје),

– промена на сортите и тоа од една во друга овошна сорта,

– замена на старите и неефикасни системи за наводнување со микро иригациони системи (наводнување капка-по-капка, подземно наводнување-субиригација, микро прскалки и наводнување со оросување) заради намалување на загубите на вода,

– изградба/воведување на технички објекти/уреди за искористување на енергија од обновливи/алтернативни извори,

– набавка на специјализирана земјоделска механизација и опрема за обработка, заштита, ѓубрење и берба на овошен насад и постбербени активности,

– поставување на заштитни мрежи или прекривки, конструкција и подобрување на движен имот, објекти за чување на земјоделска механизација и опрема, објекти за складирање на производи за заштита на растенија и ѓубрива

Купување и / или инсталирање на нови машини и опрема / инструменти за пост бербата на фарма, обработка и директна продажба:

– За оценување, собирање, складирање и ладење (вклучувајќи манипулација);

– За преработка, пакување, ладење, замрзнување, сушење, итн и складирање (вклучувајќи манипулација);

– За производство на нови производи, воведување на нови технологии и процеси;

– За подобрување и контрола на квалитетот и безбедноста на суровини и храна.

Проектот може да содржи поединечни или комбинирани инвестициони активности.

Инвестиционите активности за обновување и модернизација на овошни насади и набавка на специјализирана опрема и замена на старите и неефикасни системи за наводнување се однесуваат за сите овошни насади доколку се насадени со препорачани сорти.

Прифатливи специфични трошоци

10121/1 Набавка на повеќегодишни растенија

10121/11 Набавка на материјал за садење/калемење и подлоги на овошни сорти (вклучително сорти на трпезно грозје)

10121/2 Изградба/Реконструкција

10121/21 Градежни материјали/компоненти за поставување/ подобрување на потпорна конструкција (не се вклучени столбови за означување)

10121/22 Градежни материјали/компоненти за поставување/подобрување на заштитни мрежи или покривки вклучително и поставување на опрема за заштита од птици и опрема за заштита од гром

10121/23 Градежни материјали/компоненти за поставување на систем за наводнување (капка по капка, подземно наводнување, микро прскалки и наводнување со оросување или комбинација од нив) и поставување/чување на потребната опрема вклучително подобрување/обезбедување на производство на електрична енергија, инсталации за напојување и електрични инсталации, практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии за функционирање на системот за наводнување и поставување/чување на потребната опрема

10121/24 Градежни материјали/компоненти за изградба/реконструкција на објекти за чување на земјоделските машини и опрема, складирање на горива/средства за подмачкување, објекти за складирање на производи за заштита на растенијата, ѓубриња и опрема за лична заштита

10121/25 Градежни материјали/компоненти за изградба/реконструкција на објекти за пост-бербeни активности (подготовка, пакување и складирање на свежо овошје), обезбедување на дополнителни хигиенски и санитарни услови (вклучително складирање на хигиенски и санитарни производи и простор за вработените) административен простор (канцеларии) и за поставување на потребната опрема

10121/26 Градежни материјали/компоненти за инсталација на комуналии за водоснабдување, системи за вентилација, системи за греење/ладење, микроклиматски услови, производство на електрична енергија и инсталации за напојување и електрични инсталации, одвод, канализациони мрежи/резервоари, третман на отпадна вода/вода, практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии (објекти за пост-бербeни активности)

10121/27 Градежни материјали/компоненти за обезбедување на пристапни патишта на фарма и патна мрежа за извршување на земјоделските операции на фарма и оградување на просторот околу прифатливите капацитети

10121/3 Опрема

10121/31 Опрема за систем за наводнување (капка по капка, подземно наводнување, микро прскалки и наводнување со оросување или комбинација од нив), вклучително опрема за фертиригација

10121/32 Опрема за производство на електрична енергија, инсталации за напојување и електрични инсталации, практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии за функционирање на системот за наводнување и системи за мерење и контрола

10121/33 Опрема за мерење на надворешната температура, влажност на почвата и влажност на воздухот

10121/34 Опрема за заштитни мрежи и покривки, заштита од птици, заштита од гром

10121/35 Земјоделски машини (трактори до 82KW, култиватори, мотокултиватори) и опрема за обработка на почвата, меѓуредова обработка, кроење, мулчери, косилки, секачи, чистачи на плевел, заштита на посевот (прскалки за заштитни средства, атомизери, опрашувачи – монтажни за сите теренски возила, приклучни, грбни или самоподвижни), ѓубрење (опрема за растурање на вештачки ѓубриња, опрема за растурање на цврсто и течно органско ѓубре) и берба

10121/36 Компјутерска опрема и софтвер вклучително сензори (поврзани само со прифатливата опрема и за производствени единици за овошни насади)

10121/4 Опрема за постбербени активности

10121/41 Опрема за обезбедување на комуналии за водоснабдување, системи за вентилација, системи за греење/ладење, микроклиматски услови, производство на електрична енергија и инсталации за напојување и електрични инсталации, одвод, канализациони мрежи/резервоари, третман на отпадна вода/вода, практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии

10121/42 Опрема за хигиенски и санитарни услови вклучително и за работниците и хигиенска и санитарна опрема за чистење на машините и опремата

10121/43 Опрема за подготовка за сортирање, саламурење, чистење, миење, сушење, дезинфекција, премачкување со восок, сортирање, класирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали

10121/44 Опрема за разладување, ладење и замрзнување

10121/45 Опрема за бележење на овошје, пакување и етикетирање

10121/46 Опрема за манипулација, товарање и растоварање, вилушкари, транспортни приколки, системи на подвижна лента, опрема за мерење на тежина

10121/47 Опрема за управување со отпад и складирање на отпад (вклучително и компостирање)

10121/48 Опрема за систем за следење на квалитетот, контрола и системи за следење на прием, складирање и дистрибуција, компјутерска опрема и компјутерски софтвер вклучително и сензори

10121/49 Компјутерска опрема и софтвер вклучително сензори (поврзани само со прифатливата опрема и за постбербени активности)

Финансирање за мерка 101

Редовната стапка на ко-финансирање на прифатливите трошоци за инвестициите изнесува 60%.

Овој процент може да биде зголемен во следните случаи:

– 65% од прифатените трошоци за ко-финансирање на инвестиции на земјоделски стопанства чиј носител е на возраст од 18-40 години,

– 70% од прифатените трошоци за ко-финансирање на инвестиции на земјоделски стопанства во планински региони, листата на планински региони и

– 75% за инвестициски проекти спроведени во региони каде што Комисијата определила дека се случиле исклучителни природни непогоди или за инвестиции на земјоделски стопанства со цел спроведување на нитратната директива за заштита на водите од загадување предизвикано од нитрати кои потекнуваат од земјоделството која е предмет на постоење на национална стратегија.

Ви Благодариме, Тимот на СЕТТИМ Консалтинг

Следете не: Web: www.settimconsulting.wordpress.com

Facebook: Settim Consulting

(Содржините се превземаат само со писмена согласност на СЕТТИМ Консалтинг)

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top