На прво место

ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (2. дел)

holocaust2

holocaust2

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ЕВРЕИТЕ ВО ИСТОЧНОТО И ЗАПАДНОТО РИМСКО ЦАРСТВО

Во 395 година од новата ера Римското царство било поделено на источно и западно царство со престолнини во Константинопол (Цариград) и Рим. Евреите во тој период биле третирани многу лошо, а во времето на императорот Jустинијан I (527-565),  антиеврејството постанало дел од општественото уредување. Крстоносците во текот на Првата крстоносна војна (1096 – 1097), според хрониките на Вилиам Тирски, со своите војски поминале покрај Битола, каде постоела развиена Еврејска  општина, ја опљачкале, а најголем дел од Евреите ги погубиле.

Македонија е земја од која потекнуваат многу познати еврејски творци – научници, патеписци, уметници. Кон крајот на XI и почетокот на XII век во Костур живеел Евреинот Тобија Бен Елијазар, познат поет и талмудист (Талмуд – Eврејско Свето писмо), а неговиот уценик Јуда Лев Мунг бил поставе за архиепископ во Охрид, по смртта на архиепископот Теофилакт Охридски.

Еден од најистакнатите Евреи од Македонија бил Јуда Бен Моше Москона роден во Охрид, голем патописец, философ, математичар и лингвист.

Познатиот македонски истражувач, академик Александар Матковски (1932-1992) ја промовираше тезата дека големите македонски и сесловенски учители, Светите Кирил и Методиј можеби имале и еврејско потекло (Види:Историја на Евреите во Македонија, А. Матковски).

Во  XIII  и   XIV век  бројот на Евреите во Македонија нагло се зголемува со приливот од Франција, Шпанија и Италија што укажува дека нивтана положба во тие земји значително се влошувала. Евреи како земјоделци се споменуваат и во текот на владеењето на царот Душан во познатата Трескавечка хрисовула, документ од манастирот Трескавец, кај Прилеп.

Во XV век Европа ја зафатила голема економска кризa, епидемии и војни за што како виновници биле окривувани Eвреите, а папата Клемент  IV со специјална була ја овластил Инквизицијата га ги прогонува Евреите.  Бегајки пред Инквизицијата, се проценува дека околу 90.000 Евреи од Шпанија и Португалија се доселиле на Балканот каде почнале да се мешаат со локалните Евреи и со староседелците.

За време на владеењето на Османлиите на Балканот, Евреите биле третирани на ист начин како и останатото немуслиманско население. Тие се занимавале со трговија и производство на волнени кебиња, јамболии и слично. Во средината на XIX век започнале да отвораат манифактурно- индустриски претпријатија, а веке во втората половина на тој век главен збор  во трговијата имала младата македонска буржоазија.

ЗАЕДНО ЈА ДЕЛЕЛЕ СУДБИНАТА СО МАКЕДОНСКИОТ  НАРОД

Според пишувањето на органит на македонските социјалисти ,,Политическа слобода,, бр. 7 од 29 ноември 1898 година, во етничките граници на Македонија живееле 2.275.000 лица, од тоа 1.200.000, значи мнозинството, биле Македонци, од кои 90.000 биле Евреи Најголем дел од Евреите се чуствувале како синови на македонскиот народ, ја делеле неговата судбина и ја помагале неговата борба за национално и социјално ослободување. Евреите во Македонија многу рано ги прифатиле социјалистичките идеи и започнале да се здружуваат во групи по примерот схто го воведол социјалистот Васил Главинов. На парламентарните избори во 1920 година Евреите најмногу гласови дале за кандидатите на левицата.

Значајно било ангажирањето на Евреите во помагањето на Македонскиот народ во предилинденскиот период и во текот на Илинденско востание. Евреинот Јакоб Домазет од Костур давал платно за облека и опрема за македонските востанички чети, а Јакоб Коен исто така од Костур помагал во одржување на курирски врски. И Многу Евреи со пушка во рака или на друг начин активно учествуваа во Илинденското востание.

И солунските Евреи многу ја помагале организацијта ВМРО. Познато е дека хотелиерот Аврам Мазну, фабрикантот Давид Каички, превозникот Давид Качачки и тројцата браќа Хасит помагале во снабдувањето на членовите на Организацијата со оружје и муниција.

За битолчанецот Рафаел Камхи се знае дека дека присуствувал на Основачкиот конгрес на ВМРО (Внатрешната македонска револуционерна организација) на 23 октомври 1896 година во Солун и дека другарувал со револуционерите Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Ѓорче Петров и други. Камхи собирал парични прилози за Организацијата, долги години бил врска помеѓу централниот комитет на ВМРО и задграничнити претставништва, а патувал и во специјални мисии за Организацијата во странство. На познатиот новинар Аарон Асса, Евреин по потекло од Бугарија, кој го интервјуирал Рафаел Камхи во Израел во неговата длабока старост, тој му изјавил дека се чуствува повеке како Македонец одколку Евреин, дека ја сака македонската земја како своја, Македонците како родени браќа, а слободна Македонија како најзначајна цел во неговиот живот.

На првите парламентарнми избори во Отоманската империја во 1910 година левицата на ВМРО за свој кандидат во Меџлисот (Турскиот парламент) го предложило Димитар Влахов, социјалист, чиј избор го помогнал и Еврејскиот социјалистички клуб  “Federacion socialiste” (Federasion sosialist, ili ,,Социјалистичка федерација”.

Македонските Евреи меѓу двете светски војни биле органмизирани во Еврејски општини, во рамките на Сојузот на еврејските општини на кралството Југославија со седиште во Белград. 

Според пописот на населението од 1921 година во кралството Југославија од 12.017.323 жители, 64.221 биле Евреи.

Поради сиромаштија, капиталистичката експлоатација и растот на антисемитизмот голем број Евреи во периодот меѓу двете светски војни биле приморани да емигирираат во Америка.

ПОРАСТОТ НА АНТИЕВРЕЈСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО КРАЛСТВОТО ЈУГОСЛАВИЈА

Антисемититското расположение во кралството СХС почнало да се шири уште веднаш по неговото формирање во 1918 година. Младата српска, хрватска и словенечка буржоазија била алачна за што пократко време да приграби што е можно поголем капитал, а за таа цел голема пречка гледала во Еврејските трговци, индустријалци и занаетлии. Антисемитските идеи, превземени од Германија и Австрија, преку Хрватска се ширеле низ целото Кралство.

Новинарот од Бјеловар Милан Обрадовиќ уште во 1920 година го напишал памфлетот:”Како да го решиме еврејското прашање”, со цел да укаже на ,,опасноста” од Евреите и предлагал да им се забрани на Евреите слободно да се движат, да се протераат во гета, да им се забрани да се нарекуваат ,,Хрвати од мојсиевска исповест”, да им се ограничи школувањето во сите школи и уште многу други слични идеи за забрани!?

Положбата на Евреите во кралска Југославија многу се влошила за време на профашистичката влада на Милан Стојадиновиќ и владата на Драгиша Цветковиќ – Мачек. Оваа ненародна влада донесла голем број закони, прописи и наредби за прогонување на Евреите, поради  што многу Евреи се иселиле во Палестина. На 27 јули 1939 година владата на Драгиша Цветковиќ и Влатко Мачек усвоила прописи во кои, помеѓу останатото, се предвидувало:

1. Eвреите кои дошле во кралството Југославија  после 1. јануари 1935 година морале да ја напуштат земјата во рок од три месеци;

2. Евреите кои дошле во кралството Југославија пред 1 јануари 1935 година, а не живеат во него повеке од 10 години, морале да ја напуштат во рок од шест месеци;

3. Eвреите кои живееле во кралството Југославија повеке од 10 години, а не биле југословенски државјани морале да го напуштат во рок од една година.

Антиеврејското законодавство во предвоена Југославија било подржано и од тогашниот печат. Во кампањата што се појавила весникот “Балкан”  во 1938 година се објавени првите расистички текстови со антиеврејска содржина со што ширум се отворени вратите за создавање на антиеврејско расположение. Загрижени заради порастот на антисемитизмот, делегација на Сојузот на еврејските општини во кралството што ја предводел Фридрих Попс го посетила на 22 фебруари 1939 година претседателот на Министерскиот совет  (владата на кралството Југославија) Драгиша Цветковиќ кој го сватил овој настап како политички гест и ги испратил со зборовите:”Не е во интерес на Евреите да се занимаваат со политика….Сепак работите добија несакан тек”.

На овој начин кралската влада широко ги отворила портите  на фашистичката теорија за расите и на тој начин подготви тло за најголемата трагедија на Евреите во некогашното кралство Југославија.

Во 1930 година во Македонија се регистрирани 4.610 Евреи. Во април 1941 година во Битола, Скопје, Штип и во некои помали места во Македонија имало 2.150 еврејски семејства со 7.762 члена, а ним им се придружиле уште 300 Евреи од Србија, најголем дел од нив од Белград, по германската окупација.

Продолжува

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top