На прво место

ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (3. дел)

holocaust2

holocaust2

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ТЕОРИСКА И ,,НАУЧНА,, ОДБРАНА НА АНТИСЕМИТИЗМОТ

Главни предводници на антиеврејското расположение во Европа во првата половина на XX век се Адолф Хитлер и Бенито Мусолини Тие го прифатија антисемитизмот како основа на нивната идеологија и теорија за расите што ,,теоретски,, ја образложи Адолф Хитлер во неговата злогласна книга ,,Мајн Кампф,, /Мојата борба/, што ја напиша додека беше на робија по неуспешниот обид за  насилно превземање на власта во Германија во 1923 година. Меѓутоа првите  теоретски и ,,научни,, образложувања и оправдувања на антисемитизмот се ппојавуваат во Германија уште во првата половина на XIX век кога во бранови, во текот на 1819, 1830 и 1848 година масовно се манифестира антиеврејско расположение.

Во текот на 1843 година во Германија се појавува ,,научниот,, труд на Бруно Бауер за еврејското прашање, а нешто подоцна и универзитетскиот порофесор Ролинг придонесол за ширењето на антисемитизмот меѓу интелектуалците во Германија.

Водачот на Национал-социјалистичката партија на Германија Адолф Хитлер, а заедно со него и целата германска реакција и крупна буржоазија, опиени со реваншистички  идеи по празот во I Светска војна за главни виновници на сите  германските неприлики ги сметаа Евреите. Занесени од идејата за чиста  “ариевска” раса, превземена од деветнаесеттиот век, како примарно прашсње за своието делување го сметаа дека е “решавањето на еврејскиот проблем”. Национал-социјалистите, или скратено н а ц и с т и т е, со Хитлер на чело, за таа цел формираат ,,ударни групи,, (С.А.) кои носеле темни кошули со кукаст крст и ,,специјални одреди,, (ЕсЕс), кои носеле црни кошули со мртвечка глава на ракавот.

По освојувањето на власта на 30 јануари 1933 година, Хитлер комплетно се посветува на остварување на идејата за илјадагодишен рајх!

Само два месеци по доаѓањето на власт на Хитлер, во Германија се донесени првите законо со антиеврејска содржина. Почнувајки од 1 април 1933 година германските Евреи биле приморасни да носат жолта шестокрака ,,Давидова ѕвезда,, и на тој начин да се разликуваат од останатите германски граѓани. Во мај истата година на еден берлински плоштад се запалени купишта книги за кои нацистите тврделе дека се ,,еврејски заразени”, а меѓу нив биле и делата на големиот германски поет Хајнрих Хајне.

На 15ти септември 1935 гоодина донесен е таканаречениот ,,расен устав,, на Германија што, меѓу останатото , содржел и два антиеврејски закона:”Закон за правото на државјанство” и “Закон за заштита на германската раса и чест”.  Токму овие закони биле уште eден чекор повеке кон најголемата трагедија за Eвреите ширум Европа.

Антиеврејското расположение кулуминира во ноќта помеѓу 8 и 9 ноември 1938 година, позната како ,,Кристална ноќ”, кога се убиени и пљачкосани голем број Евреи и запалени многу синагоги, работилници, дуќани и домови.

Таканареченото Еврејско прашање во Германија еволуирало зависно од внатрешните политички прилики во земјата и постанало главна преокупација на нацистичките идеолози кои ја застапувале теоријата дека германската раса е единствената чиста и совршена раса предодредена да владее со останатие народи во Европа. Како што наведува акад. д-р Александар Матковски во неговата книга:”Историја на Евреите во Македонија”, еден од водечките идеолози на национал-социјализмот Алфред Розенберг изјавил на 8 фебруари 1939 година дека решение за еврејското прашање е и последниот Евреин да ја напушти територијата на третиот Рајх,,. Истиот тој Розенберг на 28 март 1941 година изјавил дека: ,,Еврејското прашање ке биде надминато ако секој Евреин ја напушти Европа”,  а раководителот на расниот оддел на национал-социјалистичката партија на Германија Валтер Грос во текот на 1943 година изјавил дека можен излез од еврејското влијание е само потполно уништување на Евреите.

Решавањето на еврејското прашање,  нацистите им го довериле на своите специјални одреди – по зло познатите ЕсЕс трупи на чие чело бил самиот Хитлер, којшто истовремено бил и водач на Рајхот, и врховен командант на вооружените сили, Вермахтот. Негови најблиски соработници биле Херман Геринг и Хајнрих Химлер кој бил  шеф на ЕсЕс трупите, министер за внатрешни работи, т.е. шеф на полицијата. 

Највисоко тело на специјалните единици бил ,,Врховниот совет на ЕсЕс,, што го сочинувале 12 управи задолжени за спроведување терор над поробените народи и нивно истребување, од кои четвртата управа – Гестапо, дирекно одлучувала за животите или за смртта на милиони луѓе. Гестапо бил поделен на одсеци и реферати. Рефератот IV Б 4, на чие чело се наоѓал Карл Адолф Ајхман бил задолжен за ликвидацијата на Евреите и за германизирање на делови од окупираната Европа. Еден од помошниците на Ајхман, Глобохник, во текот на 1941 година, по донесувањето на одлуката за ликвидацијата на Евреите, организирал во близината на полскиот град Лублин дури 50 работни логори и четири логори за ликвидација /логори на смртта/: Белзец, Мајданек, Солибор и Треблинка каде се убиени и Евреите од Македонија.

Поранешниот генерален конзул на Германија во Скопје Теодор Данекер бил исто така назначен за еден од помошниците на Адолф Ајхман. Завземајки висока функција во Гестапо, како специјален пратеник за еврејски прашања во германската амбасада во Софија, Теодор Данекер без големи напори успеал да ги убеди своите бугарски сојузници по зло да им предадат на нацистите 20.000 Евреи од ,,новоослободените територии,, (Вардарска и дел од Егејска Македонија, Тракија и пиротскиот крај).

Преговорите за предавање на Евреите од страна на фашистичка царборисовска Бугарија на нацистите ги започнал германскиот амбасадор во Софија Адолф Хајнц Бекерле по налог на рефератот  IV B 4 со бугарскиот министер за внатрешни работи Петар Грабовски, а подоцна тие преговори му ги препуштил на Теодор Данекер.

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top