На прво место

ТЕАРЦЕ 2016… А ТЕАРЦЕ 2001?

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Беа вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016 година. Од сите приговори пред Државната изборна комисија (ДИК), беше прифатен само еден, поднесен од подносителот на листа на кандидати – политичката партија Движење Беса, за постапката на гласање на гласачкото место број 0396/1 во општина Гостивар, Изборна единица број 6. Имено, Фатиме Сулејмани, баба од Косово, која не знае да зборува македонски, сведочеше пред ДИК дека и’ било оневозможено правото на глас откако дошла да гласа, иако била обележана со спреј дека веќе еднаш гласала. Управниот суд, на 20 декември 2016 година, по тужба на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ова решение на ДИК со пресуда го отфрли.

Таман се спасивме од резилот, една баба од Косово да ја решава политичката криза во Македонија, Управниот суд донесе друга пресуда.

На 20 декември 2016 година, Управниот суд донесе пресуда со којашто тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ, ја уважи и гласањето на гласачкото место број 2011 во училиштето “Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Теарце за Изборна единица број 6 го поништи.

Врз основа на оваа пресуда на Управниот суд, ДИК на 21 декември 2016 година донесе одлука за прегласување на избирачкото место 2011 во Теарце.

Во избирачкото место 2011 во Теарце, каде што ќе се прегласува, запишани се 714 гласачи. На 11 декември на ова гласачко место гласале 404 гласачи. ВМРО-ДПМНЕ освои 91 гласа, СДСМ 87, БЕСА 65, ДПА 64, ДУИ 53, “Алијанса за Албанците“ 25. За СДСМ да освои пратеник во Шестата изборна единица, потребно е да направи разлика од 304 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел СДСМ ќе треба да добие поддршка од албанските гласачи кои се во доминантен број во спорното избирачко место, иако дел од нив, како печалбари веќе се вратиле во Западна Европа.

Точно е дека и во 21 век Теарчани имаат проблем со водата за пиење, со канализацијата, голема е невработеноста, на маргините се од интересот на “големите“ за нив “малите“…

Но, токму поради прегласувањето, одеднаш, селото Теарце стана центар на вниманието за политичките партии, затоа што резултатот на гласовите од прегласувањето на 25 декември 2016 година може да го потврди бројот на освоените пратенички места на вонредните парламентарни избори, 51 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ наспроти 49 пратеници на СДСМ, или да го нивелира на 50 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 50 пратеници за СДСМ што ја менува политичката карта во Македонија и носи поголеми неизвесности.

Сега СДСМ на Македонците во Теарце им нуди нов живот, правда и слобода… Но, иронијата да биде поголема, СДСМ заборави дека 2001 година кога требаше Теарце и Македонија да се бранат од албанските терористи, СДСМ отфрли мобилизација и учество во одбраната на Македонија. По месните и општинските организации, СДСМ агитираше да не се прифати мобилизацијата во резервниот состав на единиците на АРМ и МВР! Некои членови на СДСМ, на своите куќи во Теарце истакнуваа партиски знамиња, да се знае која куќа чија е, евентуално да не им биде демолирана, иако сите го предадоа оружјето на ОНА и со трактори и возила заминаа пред Собранието на Македонија. Тодор Петров и Светскиот Македонски Конгрес вложија максимални напори прогонетите да бидат прифатени во студентските домови во Скопје, барем децата и жените да не бидат под ведро небо, затоа што беа од родните огништа прогонети. Тој ден, никој, ниту Црвениот крст на Македонија, отпочеток не ги прифати, бидејќи не бил работен ден, замислете образложение…

Се разбира, пак, секој ќе си гласа како што наумил, ама да не се заборави Теарце 2001 година, во оваа 2016 година…

Колку да не се заборави…

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top