На прво место

Нервозата во СДСМ е непотребна

Македонска нација

ВЕЉАНОВСКИ ЌЕ ПРЕТСЕДАВА СО КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА ДО ИЗБОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО!

Вонредните парламентарни избори завршија. По прегласувањето во Теарце, Државната изборна комисија ги прогласи за завршени, и ги предаде уверенијата на избраните пратеници.

Во согласност со членот 63 од Уставот “Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.”

Претседателот на Собранието од претходниот состав Трајко Велјановски веќе ја закажа конститутивната седница за 30 декември 2016 година во 12 часот.

Во согласност со членот 9 став 2 од Деловникот на Сорбанието “Пратеникот кој ја свикал првата седница, претседава со седницата на Собранието, додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста.”

За жал, СДСМ бара со конститутивната седница да претседава на албански јазик најстариот пратеник Бранко Манојловски, кој е пратеник на ДУИ, Македонец православен, кој се декларира за Албанец како и Бранислав Синадиновски, иако не знае да зборува албански. Еден од оние двајца, кои побараа и Албанска Православна Црква во Македонија…

И покрај барањето и опструкцијата на СДСМ, со конститутивната седница ќе претседава Трајко Вељановски, претседател на Собранието од претходниот состав, кој ја свика за 30 декември 2016 година.

Пратениците самите се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите, само ако претседателот на Собранието од претходниот состав не ја свика конститутивната седница, што не е во овој случај. А, членот 9 став 2 од Деловникот на Собранието, исто така, е дециден, “пратеникот кој ја свикал првата седница, претседава со седницата на Собранието, додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста.“

Се’ е јасно, а нервозата во СДСМ е непотребна!

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top