На прво место

ДЕНАЦИФИКАЦИЈА ИЛИ ОДМАКЕДОНЧУВАЊЕ.

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Сашо Орданоски на порталот libertas.mk од 30 декември 2016 година вели: “На Македонија и’ е потребен период на денацификација.”

А, колку за потсетување… Таа тајфа почна со словенизација, со денационализација, со ликвидација, со асимилација… Обвинија за десловенизација, за антиквизација, за букефализација… Сакаат да завршат со денацификација… Тоа му доаѓа како, во финалето: одмакедончување…

Го сменија името на државата… го сменија знамето на земјата… ја сменија етничката и верската карта на Македонија… со територијалната организација на локалната самоуправа албанизираа половина од територијата на Македонија… се откажаа од Македонците во соседните земји и во светот, им го укинаа правото и на македонско државјанство… Им го укинаа правото на пратеници на Македонците во светот… Понудија федерализација и двојазичност на целата територија на Македонија, побараа Македонците да го научат албанскиот, а Али Ахмети, макар од куртоазија, иако по потекло е одроден Македонец, уста не отвора, еден збор на македонски јазик да прозбори пред јавноста… Не’ учат дека Александар Македонски е Грк, дека сме дојдени од зад Карпатите со трски в уста преку Дунав, дека шеснаесет-зрачното сонце е грчки симбол… Вршат сороизација на општеството… не’ учат дека односите со Атина треба да ги решиме со географска одредница… Сојуз направија со софискиот врховист Георгиевски…

Бранко Тричковски, перјаницата на “слободоумното” новинарство на новиот живот во Македонија вели, згрешивме што не ги докрајчивме по Втората светска војна… Колку само ликвидираа, колку само на туѓи фронтови ги пратија за други интереси коски оставија…

Сега, сакаат да извршат целосно однародување, денацификација, за да не нема.

Ами ако ја сакаат Македонија, за која денацификација Сашо Ордановски зборува денес?!

Ај сега вера?!

Дејгиди Македонијо, кој ми ти крои иднина… Се’ од свои страдаме… Врховисти и колаборационисти…

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top