На прво место

ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (6. дел)

holocaust2

holocaust2

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ПАРАЛЕЛНО СО ЕКОНОМСКИТЕ И ПОЛИТИЧКИ ОГРАНИЧУВАЊА НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Споменатиот ,,Закон за заштита на државата,, ги донесе првите политички ограничувања на Евреите во Македонија Според тој закон Евреите биле должни почнувајки од 14 јули 1941 година да го пријават своето етничко потекло на полицијата за да бидат воведени во посебни картотеки. 

Евреите од Македонија не можеле да добијат бугарско државјанство и се третирале како државјани на кралството Југославија. Како такви, за престојот на ,,бугарска,, територија морале да поседуваа специјални лични карти и да плаќаат месечен данок од 30 лева. Исто така, на Евреите од Македонија им било забрането да гласаат или да бидат избирани, не моззеле да бидат службеници во државни и приватни организации и установи, не смееле да носат униформи, ниту да служат во бугарската армија, а биле приморани да плаќаат откуп за тоа неслужење. Но тоа не  бил крајот на  политичкиот прогон на македонските Евреи од бугарските окупатори! Македонските Евреи не смееле да имаат фамилијарни презимиња што завршуваат на ОВ, ЕВ, ИЌ, или СКИ, а на новородените деца морале да им даваат имиња исклучиво од списокот на имиња што го составила бугарската окупациона власт, што бил закачен  во Комесаријатот за еврејски прашања. Окупаторкстата полиција можела да забрани влез во јавни локали на лица со еврејско потекло, а Евреите не смееле да живеат во ист стан со лица од бугарско потекло. На евреите просторот за живот им бил ограничен зависно од членовите на семејството.

Со наредба на бугарското Министерството за железници и пошти од 28 јули 1941 година бугарската фашистичка окупациона вкаст им наредила на лицата од еврејско потекло во Македонија до 5 јули истата година да ги предадат своите радио-апарати ,,на чување,,!?

На Евреите, исто така, имбило забрането да стапат во брак, или да живеат вонбрачно со лице кое не е од еврејско потекло, а не можеле ни да се населуваат во доредени квартови во градсовите. 

Врз  основа на ,,Законот за заштита на државата,,, комесарот за еврејски прашања Александар Белев издал наредба на 15 септември 1942 година на сите влезни врати на еврејските куќи да бидат поставени картонски или метални плочки ма кои требало да биде напишано:”Еврејско живеалиште”, а на левата страна веднаш до написот да стои шестокраката ,,Давидова ѕвезда,, со димензии 5 х 5 сантимерти. Еврејските дуќани исто така морало да бидат означени со натписи:”Еврејско претпријатие” , или “Јидиш магазин”.  

На  20. април 1942 година на погромот на македонските Евреи му е дадена и законска форма. На седмото заседание на бугарското Собрание изгласан е изгласан е закон со којшто се задолжува Министерскиот совет (Владата) да превземе мерки “За средување на еврејското прашање” . Овој закон бил потврден со царски указ на Борис III a бил објавен во  “Државиот вестник” (Службен лист) број 148 од 9ти јуни 1942 година. Министерскиот совет според овој закон бил овластен да ги зајакне мерките против Евреите, како и право да подготвува закони, наредби и други антисемитски акти и да ги менува и дополнува законите и заклучоците на Собранието како што наоѓале за сходно. Овој закон е на самиот врв на антиеврејското законодавство во царска Бугарија, веднаш по ,,Законот за заштита на нацијата,, и со него била запечатена судбината на Евреите во Македонија.

Министерскиот совет/бугарската фашистичка влада на својата седница  одржана на 26ти август 1942 година донесува одлука за формирање на “Комесарство за Еврејскија впрос” (Комесаријат за еврејски прашања) во состав на Министерството за внатрешни работи, а на 3ти септември 1942 година го назначува Александар Белев (кој после војната е осуден на смрт како воен злосторник и егзекутиран), за комесар. Централата на овој комесаријат била во Софија, а а истиот имал свои подружници секаде во царството Бугарија и окупираните територии каде што имало Евреи со задача да ги контролира нив, но и да дава иницијативи за донесување на нови антисдемитски мерки. Овој комесаријат имал тесни врски со  германската амбасада во Софија, а неговата работа морале да ја плаќаат самите Евреи од фондот на Еврејските општини формиран со блокирање на сметките на Евреите во бугарските банки. Ако сметката на Комесаријатот ознесувала од 100.000 до еден милион левови, Фондот морал да покрие пет до 10 одсто од трошоците. Во фондот на Еврејските општини влегувал сиот имот на Еврејските верски општини, хуманитарни и културни друштва, установи и организации. Со други зборови, на овој нацин бугарските фашисти  л е г а л н о го пљачкосувале имотот на Евреите  и во окупираните територии. Со наредба на Комесаријатот за еврејски прашања бр. 14 од 22 септември 1942 година за нивни делегат во Скопје бил именуван Иван Захариев. Поранешните еврејски општини кои служеле за културни и хуманитарни цели во новонастанатата ситуација со делегати  од Комесаријатот за еврејски прашања постануваат центри за уништување на Евреите.

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top