На прво место

И млади и стари, не покажавме сила за државност и развој

Катерина Климоска

Република Македонија иако историски постои многу одамна, со своја држава може да се пофали дури во последниве 25 години. За жал, иако како народ сме постоеле одамнина, како држава сме во групата на „млади“.

И млади и стари, не покажавме сила за државност и развој.

Не покажавме дека вредат сите дадени животи на револуционерите и историските личности кои го дале својот живот и се жртвувале за ние денес да живееме во свое под ова сонце, не покажавме должна почит. Со самото тоа ние како народ не ја цениме нашата држава, како и она што ни е дадено од поколенијата. А почитта, таа не се покажува само на збор, туку на дело, преку развој и подобрување на оваа библиска Земја.

Доаѓањето на Никола Груевски како Лидер на ВМРО ДПМНЕ, а потоа и како Премиер на Р. Македонија и сето она што тој го внесе како проекти и стратешка определба, даде една нова можност и нов лист за сите нас како народ, а со тоа и на самата Земја. Но, иако сето она што стоеше во неговата програма за развој и работа на Владата, Министерствата, институциите, а со тоа и ефектот на поставените цели, неговите залагања кои беа светски, напредни и проактивни, наменски за еден развоен 21 век, во Р.Македонија ние кои сме дел од системот ја промашивме. Ние како народ не ја искористивме можноста која ни беше дадена.

Зошто сметам дека ние сме одговорни?…. го задржавме окоравениот ментален склоп на квази социјалистичко размислување и делување, на барање начин лесно и нечесно здобивање со титули, позиции и пари, грабајќи луѓе за своја корист на секој можен начин, при тоа немајќи обзир на ни една позитивна човечка доблест (принцип, етика, морал и слично). Ако и денес после 10 години владеење на ВМРО ДПМНЕ, видиме која е структурата на кадар по државните институции, ќе заклучиме дека многу не се разликува од претходно: стари квази социјалистички чиновничиња, стари уседелици со средени фризури, и за жал млади кадри кои се извајале и избрале точно по сликата и приликата на оние постоечките во самата институција. Тука нема напредок, ни услови за тоа, не може гаврани да натераш да ти отсвират симфонија.

Она што сакам да потенцирам е дека селекцијата на кој е подобен или не за одредена институција (јас со прецизност можам да тврдам посебно за делот на високото образование), се прави во самите холови и канцеларии. Имено, колку и добри квалитетни профили, проактивно ориентирани, беа донесени по институциите, отфрлањето се одвиваше во самите холови внатре. Или ќе се променат по сликата на оние чувари на сивиот комфорт и статичност, или ќе ги отфрлат како диво месо и тоа на најнечовечки начин преку малтретирања, подметнувања, напад на професионалниот но и уште повеќе личен кредибилитет, се со цел сами да напуштат или да се вклопат во сивилото. И така ние ги губевме најдобрите кадри, кои или си одеа од институцијата или од државата, малку од нив остануваа да се борат со догмите, за жал неуспешно.

Најголемата вина, покрај кај самите нас како луѓе, ја гледам кај менаџментот, раководствата, но и погоре во Власта. Оние кои се менаџери во самите институции, но и во министерствата, се тие кои од прва рака го гледаа сето ова што се случуваше, но можеби и им одговарало?..но, каде беа погорните во Власта?!

Дали требаше да дојде до ова дереџе за да се види како проектите беа водени со импровизација и дека досегашниот и иден Премиер го лажат толку перфидно?!

Старите велат ако не милум, тогаш силум сфаќаш некои работи. Мал дел од нас остана секогаш доследен кон развој и напредок на Државата и идеологијата, во меѓувреме не малтретираа, закануваа и оцрнуваа, за да не биде доволно важен нашиот глас пред Груевски, но во ред…. сега со кои лаги ќе се користат за да го залажат повторно дека некој друг е виновен, а не баш тие кои учествувале во цела оваа импровизација на точно зададени задачи, цели и проекти од страна на Груевски? Како сега ќе импровизираат пред Него?

На Груевски му е дадена шанса, последна шанса за да сфати каде бил најголемиот проблем, на него е да го направи долго очекуваниот чекор. На вас чекаме сите овие години почитуван Лидер!

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top