На прво место

УСТАВНА КРИЗА?

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

На 10 јануари 2017 година имав коментар со наслов “По политичката дали е можна уставна криза?“ со крај на коментарот дека е можна уставна криза! Еве, повторно ќе го свртам вниманието на јавноста на таа тема. Морам да искоментирам, затоа што бев пратеник во уставотворното собрание на државата Македонија 1991-1994 година!

Ние може да навиваме за едни или за други, за една или за друга политичка партија, но кога е во прашање Уставот, треба да го почитуваме словото на уставотворецот.

Што вели членот 90 од Уставот за формирањето на Влада? Членот 90 вели: “Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.“

Кога се носеше Уставот во 1991 година, како независен пратеник, имав амандман на членот 90 “Доколку Собранието не избере Влада по конституирањето или не донесе Буџет во рок од три месеци во тековната година, на пратениците им престанува мандатот по сила на Уставот.“

Истовремено, во членот 90 нема одредба која би гласела “Доколку мандатарот во рок од 20 дена не состави Влада, претседателот на Република Македонија е должен во наредните десет дена мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на наредната партија, односно партии што имаат најголем број на пратеници во Собранието. Овој мандатар во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.“

Собранието тогаш не посвети внимание на овие прашања. За волја на вистината, оваа дупка во Уставот се пополнува и толкува кога кому како му одговара.

Во случајов, првиот мандатар (Никоила Груевски) не состави Влада. Кога би постоела можност, во смисла на горните решенија кои за жал ги нема, за втор мандатар, ако ни тој не состави Влада, до кога ќе тера претседателот на Републиката со доверување мандат за состав на Влада? Ќе ги реди со мандат за состав на Влада сите политички партии во Собранието? И, колку време треба да трае таа реденка? Има рок? За жал, нема! Освен ако Собранието само не се распушти…

Според членот 90 од Уставот на Република Македонија, не постои уставна можност претседателот на Републиката да доверува мандат за состав на Влада на неопределен број мандатари, туку само на еден! Уште поинтересна ќе биде ситуацијата ако Собранието не се распушти, а претседателот нема овластување да довери мандат за состав на Влада на втор мандатар освен на еден!

По изборите од 11 и 25 декември 2016 година, на 30 декември 2016 година се конституира новоизбраното Собрание. Во рок од 10 дена, на 9 јануари 2017 година, претседателот на Републиката го додели мандатот за состав на Влада на Никола Груевски, како “кандидат на партија, односно партии што имаат мнозинство во Собранието“. Значи, да направиме разлика: Претседателот не го доверува мандатот за состав на Влада на партија, односно партии што има “мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“ (61), туку на “партија, односно партии што имаат мнозинство во Собранието“, а мнозинство во Собранието од актуелниот состав има коалицијата ВМРО-ДПМНЕ (51).

Според членот 90 од Уставот “Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.“

Заклучно со 29 јануари 2017 година, мандатарот Никола Груевски не состави Влада. Ирелевантни се причините.

На 29 јануари 2017 година пред полноќ, од седиштето на ДУИ во Мала Речица изјавија дека не е донесена одлука за коалицирање со ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што крајниот рок за формирање на влада истекува на полноќ, а во ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека не успеале да постигнат договор со ДУИ за состав на новата влада и дека одржувањето на нови избори е зрело решение во функција на надминување на кризата.

По словото на Уставот, обврската на претседателот на Републиката за доверување мандат за состав на Влада се исполнува еднократно, роковите се прецизни. Мандатарот не составил Влада и со тоа членот 90 од Уставот е исцрпен!

Претседателот на Републиката не е должен да врши претходни консултации, со цел да утврди мнозинство од вкупниот број пратеници како гаранција дека ќе биде избрана Влада, бидејќи тој не избира Влада, туку само доверува мандат за состав на Влада. Неприфатливи се било какви гаранции дека некој може во претходни консултации да потврди парламентарно мнозинство за избор на Влада, затоа што парламентарното мнозинство се дефинира кога пратениците ќе гласаат за изборот на Влада. Уставот не прејудицира одлука на Собранието, ниту неа некој претходно може да му ја даде на Претседателот на Републиката за тој да ја прифати. Претседателот не е банка да издава и прима банкарска гаранција. Пратениците може едно да велат пред гласање, а друго да гласаат кога ќе се гласа. Гласањето не се прејудицира, гласовите се бројат кога се гласа!

Понатаму, ВМРО-ДПМНЕ изјави дека одржувањето на нови избори е зрело решение во функција на надминување на кризата. Ама, доколку се за нови избори треба да предложат одлука за распуштање на Собранието и Собранието да гласа. Ако ја изгласат 61 пратеници таа ќе биде во сила и ќе важи! Претходни изјави за нови избори се нерелеванти. Но и за тоа да се случи, за Собранието да се распушти, Собранието треба да има претседател, бидејќи само тој со решение ги распишува изборите. Или макар да има потпретседател кој го заменува претседателот, имајќи предвид дека претседателот се избира во пакет со составот на Влада. Според некоја непишана пракса, потпретседателите на Собранието се повеќе од еден, најчесто првиот од ВМРО-ДПМНЕ, вториот од СДСМ и третиот од ДУИ, барем за тоа мнозинство може да се обезбеди, ако не и за претседател на Собранието!

Уставот може да се измени само со двотретинско мнозинство за да се отстрани оваа празнина, во смисла на амандманите што на почетокот од коментарот ги кажав, но тоа е друга и подолга процедура!

Се разбира, до изборот на Влада, во овој или нареден парламентарен состав, во согласност со членот 93 од Уставот “Владата на која мандатот и’ престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада.“ А тоа е актуелната Влада со премиерот Емил Димитриев.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top