На прво место

Грците не знаат кои се и каде припаѓаат

dimu

Писателот Диму за Ди велт

Ние Грците имаме проблем со идентитетот. Ние не знаеме точно кои сме и каде припаѓаме, поради тоа сме несигурни и лесно повредливи. Европа и Грција – тоа е и приказна за едно недоразбирање, вели покрај другото писателот Никос Диму за весникот Ди велт

dimu

Јас самиот си се правам неомилен кај Грците, оти искажувам вистини кои луѓето не сакаат да ги слушнат, вели 80-годишниот писател, автор на бестселери како „За несреќата да бидеш Грк”, во разговор за германскиот весник „Ди велт”. „

-Грците отсекогаш имале тежок однос со Западот. Земјата е под идеолошки белег на православната црква и комунизмот, кои пак се антизападно насочени. Врз таа основа Грците претпоставуваат дека зад европската солидарност се кријат лоши намери, вели Диму во врска со критиките во неговата презадолжена земја на сметка на европската програма за помош.

Според него Грците со сите средства се обидуваат да побегнат од реалноста. Тоа Диму го образложува со примерот од грчките учебници.

-Според официјалното толкување на историјата, Грците секогаш биле прогонувани, никогаш не започнале војни, и, патем, секогаш имаат право. Од тоа произлегува самосфаќањето дека се супериорен народ кој потекнува директно од Софокле и Аристотел, вели Диму.

За Диму, односот на Грците со Европа е „улав” – за неа зборуваат како нивната земја да е на друг континент, а ако им се каже дека Грција нема што да бара таму, се лутат и истакнуваат дека секако припаѓаат кон Европа, на која и’ го дале името и ја измислиле демократијата.

-Грција не доживеа ни ренесанса, реформација, индустриска револуција, ниту просветителство. Грците илјада години живееја во феудална Византија, потоа следеа 400 години османлиска власт… Ние Грците имаме проблем со идентитетот. Ние не знаеме точно кои сме и каде припаѓаме, поради тоа сме несигурни и лесно повредливи. Европа и Грција – тоа е и приказна за едно недоразбирање, вели покрај другото писателот Никос Диму за весникот „Ди велт”.

Превземено од Вечер

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top