На прво место

ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (9 дел)

holocaust2

holocaust2

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ВО СКОПСКИОТ МОНОПОЛ

Адаптацијата на просторот во скопскиот Монопол за прибирање на македонските Евреи пред нивната депортација се одвивала во најголема тајност. За извршените работи биле потрошени 1.264.609 лева. На секој агол од логорот биле поставени пушкомитралези, а во дворот се движеле полицајци со машинки, качени на коњи. Околу логорот постојани кружеле воени патроли.

Секој контакт со логорашите бил строго забранет. Во логорот имало само 15 клозети во коишто нужда се вршела групно и под надзор на полицајци. Во секоја од 30те соби биле направени полици од даски, а коминикацијата меѓу собите била невозможна. Дури три дена од собирањето на македонските Евреи во скопскиот логор им било дозволено да одат по нуижда, или да наполнат вода за пиење. За по нужда секоја соба имала на располагање само половина час и голем број од затворениците заради гужвите воопшто не стигнувале да го искористат ни тоа малку расположиво време. Дури петтиот ден од приведувањето на затворениците им дале по 250 грама леб и малку чорбест грав и ориз подготвен во импровизираната кујна. Забележени се исказита за стравотиите во бугарскиот логор во скопскиот Монопол на Жените биле соблекувани голи  Елена Леон Ишах, лекарка од Битола, Мико Ноах од Скопје, Берта Хаим Ноах од Скопје, Хаскија Пијаде и Боро Верон, исто така од Скопје “заради прегледи”, а многу од нив биле силувани и тепани. И следните денови во логорот продолжувало  пљачкосувањето на она малку вредно што успеале некако да го сокријат несреќните логораши. Затворениците немале никакви лекови, а бугарските стражари продавале ,,под рака,, кило леб што чинел 16 лева, дури за 500 лева.

Во бугарскиот фашистички собирен логор во Скопскиот Монопол на 11 март 1943 година вкупно биле собрани 7.215 Евреи, од тоа 3.313 од Скопје, 3.351 од Битола и 551 од Штип. По два дена, на 13 март биле приведени уште  25 Евреи од внатрешноста и бројот на затвореници се зголемил на 7.240 лица. По 22 март 1943 уште 75 Евреи биле донесени во логорот во Скопје со што вкупниот број на логораши изнесувал 7.315 лица.

Во текот на десетдневното заробеништво во лопгорот во Скопје биле ослободени само оние евреи кои биле лекари по занимање или апотекари со нивните семејства, Евреи шпански, италијански или албански државјани, или вкупно 165 лица.

На скопските претставници на Црвениот крст не им било дозволено да ги посетат затворените Евреи, но затоа не пропуштил прилика да го посети логорот германскиот конзул во Скопје Артур Вите, комесарот за еврејски прашања на фашистичка Бугарија Александар Белев и други фашистички претставници.

Меѓунаслов: НА ПАТ БЕЗ ПОВРАТОК

Најголем број македонски Евреи се убиени во концентрациониот логор за ликвидации Треблинка, во Полска, а некои се ликвидирани во конц-логорите Аушвиц, Дахау, Берген-Белзен, Матхаузен. По завршетокот на II Светска војна од логорите насмртта во Македонија се вратија живи само 15 Евреи, од Албанија и Италија 116 души, а од разни други логори уште 65 Евреи.

Првиот транспорт на Евреи од логорот во Скопје, придружуван од бугарски полицајци, тргнал на пат без повраток на 22 март 1943 година. Само ден пред тоа (на 21 март) било одлучено  да патуваат 1.600 скопски Евреи и ним им била поделена и храна за по пат. Но на 22 март било наредено уште 800 Евреи да патуваат, од кои поголем дел не добиле воопшто храна. Вториот транспорт на македонски Евреи затворени во сточни вагони тргнал кон логорот на смртта треблинка на 25 март и во него биле дел од скопските Евреи, сите штипски Евреи и дел од битолските Евреи. Овој транспорт, споредсеќавањето на доктор Ишах Леви, уште во Скопје бил превземен од припадниците на Гестапо.       

Третиот и последен транспорт на преостанатите македонски Евреи од бугарскиот логор во Скопје тргнал на долгиот пат без престанок на 29 март 1943.

Со првиот транспорт биле одведени 2.338 македонски евреи, од кои пет поцинале по пат, со вториот 2.402 лица од кои три починале по пат, а со третиот транспорт биле депортирани 2.404 лица од кои пет починале на пат.

За судбината на македонските Евреи во текот на транспортот од Скопје до Треблинка податоци се добиени од документите запленети кај германската полициска чета во нишка Бања која дала војници за придружба на транспортите, а по телефонска наредба на германскиот амбасадор во Софија Теодор Данекер.

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top