На прво место

ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА “НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК” НА “СВЕТСКАТА ВЛАДА“

todor

ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА “НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК” НА “СВЕТСКАТА ВЛАДА“

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

“Нов светски поредок” означува модел на управување со народите и државите во светот од една “Светска Влада”.

“Светската влада” не е демократски институт избрана на тајни и општи избори, туку инструмент на корпоративниот глобализам, којшто врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка. Британскиот империјализам за неколку стотини години уништи стотици етноси јазици религии и култури во светот. Со колонијализмот, расизмот, апартхејдот, нацизмот, фашизмот и комунизмот, со промена на топонимијата, создаде хаос во светската етнологија, географија и историја.

“Светската влада” не избира средства за остварување на своите интереси и цели.

“Светската влада” по потреба проектира и ликвидира нации, држави и општества. Војните во светот го потврдуваат тоа.

“Светската влада” ги опсервира националните системи за безбедност и разузнувачките агенции за контрола на народите и државите во светот. Матица на сите ним им е ЦИА.

“Светската влада” со производството на вируси и вакцини против нив, со симулации на епидемии и пандемии преку фармацевтската индустрија, и со производството на војни преку воената индустрија, врши контрола врз наталитетот во светот.

Се разбира, на “Светската влада” и’ се потребни марионетски влади за контрола на народите и државите. За таа цел постојат масонските ложи и фондациите “отворено општество”.

Масонските ложи се тајни “одбрани” друштва на богати и авторитарни поединци кои како власт во сенка треба да креираат кадровска политика во институциите на власта на државите, со избор на луѓе сервилни на интересите, насоките и одлуките на “Светската влада”. Масонските друштва имаат свој Бог, Врховниот масон, кој е слуга на Сатаната. За нив не постои друга вера, сите вери треба да бидат под нивна контрола, со екуменизмот треба да ги обединат полесно да владеат со светот.

Фондациите “отворено општество” се мрежи на невладини организации со левичарска или неолиберална идеологија кои се мешаат во внатрешните и надворешните работи на народите и државите, како супститут на институциите на власта, со цел формирање марионетски влади сервилни на “Светската влада” преку дестабилизација и контролирана нестабилност. Демократијата и правата и слободите не им се цел, туку перфиден инструмент и демагогија за остварување на интересите на “Светската влада”. Со фондациите “отворено општество“ управуваат поединци со големи хонорари.

Фондациите “отворено општество” не се во функција на развојот на демократијата и правата и слободите, туку за уништување на свеста за семејството, нацијата, државата и верата. Најблиску се до комунизмот: свет во кој ќе изумре или треба да се уништи семејството, нацијата, државата и верата. И затоа тие се апатриоти, атеисти, аморалисти, во нивниот свет на вредности не постојат граници меѓу полот и сексот, дозволено е се’ меѓу сите, не постојат срамот и гревот кај нив…

И Македонија и Македонците се експеримент во тој глобален свет на корпоративниот глобализам: Дали е можно, држава од Источниот блок во посткомунистичкиот период да функционира на мултиетнички основи. И тој експеримент продолжи до денес…

Миграциите за “Светската влада“ се инструмент за трајна промена на етничката и верската карта на државите и уништување на институтот национална држава. За остварување на таа цел, зборуваат за мултикултурализмот, но сите војни во светот ги почнуваат на етничка и верска основа со етничко и верско чистење, а ги завршуваат со етнички и верски линии на разграничување и “чисти општества”.

За жал, “Светската влада“ не е конспирација туку сурова вистина.

Да веруваме дека реформите во ЦИА и ФБИ во САД, ќе го разоружат таканаречениот “нов светски јазик“ со неговата “Светска влада“.

Од новата администрација на Доналд Трамп очекуваме крај на Студената војна, нов американско-руски детант и мир и развој во светот. Од новата администрација на Доналд Трамп очекуваме крај на таканаречениот “нов светски поредок“ со неговата “Светска влада“. Пред се, почитување на меѓународното право, што подразбира еднаква сувереност и немешање во внатрешните работи на суверените држави во светот!

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top