На прво место

ВО ПРИЛЕП ПОТПИШАНА СЕМАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА

semakedonska-platforma

semakedonska-platforma

На 15-тиот семакедонски собир по повод 145 години од раѓањето на револуцонерот Гоце Делчев, 4-ти февруари 2017 годиина во Прилеп, представници на македонските организации од Р. Македонија, Р. Грција, Р. Бугарија, Р. Србија, Р. Албанија, Гора – Косово, Р. Хрватска и дијапората ја донесоа следната:

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А

  • Согласно со општите меѓународни акти за правото на слободно изјаснување и самопределување, правото на слободна мисла и слободно изразување, личните права и слободи на личноста и граѓаните, ние, Македонците, како и сите други нации од соседството, имаме своја матична држава Република Македонија. Која е и држава на другите национални заедници кои живеат во неа и ги уживаат сите граѓански права, исто како македонскиот народ, а кои национални заедници, имаат, културни матици како држави, во соседството (Албанија, Грција, Бугарија, Србија и др.), Р.Македонија исто така е и културна матица на македонскиот народ кој живее во соседните држави и диаспората. На различните национални заедници во државите на Балканот треба да се гледа како на своевидно богатство и разноличност, кои треба да бидат мост за соработка на Балканот, а не предмет на манипулација за остварување на големодржавничките идеи.
  • Македонскиот идентитет и ентитет се потврдени со неприкосновени, аргументирани и содржајни сознанија – културни, историски, демографски, лингвистички, антрополошки и тие не треба да бидат тема на никакво оспорување или негирање.
  • Националните симболи на Република Македонија се дел од македонскиот идентитет, македонската култура и историја и не смеат да бидат предмет на пазарење за создавање на сегашни или идни владини коалиции или за други политички пазарења.
  • Негирањето на македонскиот идентитет, македонската нација, македонскиот јазик и култура, кое доаѓа од официјалните власти и политичари на соседните држави, Албанија, Грција, Бугарија, Србија, не значи ништо друго, туку само грубо кршење на основните права на Македонците, гарантирани со општите меѓународни акти.
  • Р. Македонија, да застане на браникот на правата на Mакедонците во соседните земји, и таа обврска да биде вратена во Уставот на Р. Македонија.
  • Поради фактот што Р. Македонија е држава во која се применуваат највисоките стандарди во остварувањето на правата на другите национални заедници, бараме да се применува принципот на реципроцитет, односно Р. Македонија да бара и другите држави да ги имаат истите стандарди за македонските национални заедници во тие држави
  • Бараме Скопје и Тирана да потпишат билатерален договор за основните права на Македонците во Албанија и на Албанците во Македонија, на реципроцитетна основа.
  • Владата на Република Македонија, под итно, да ги прекине преговорите за разликите околу името на Република Македонија со Република Грција и членството во Обединетите нации и во сите меѓународни организации да го продолжи под нејзиното уставно име Република Македонија, без латинична транскрипција на македонски јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик – Republic of Macedonia, со нотифицирање на македонскиот народ и македонскиот јазик што е и дирекна разлика со северната грчка провинција Македонија и југозападната бугарска провинција Македонија и претставува основа за потврда од страна на Генералното собрание на Обединетите нации со донесување на Резолуција од негова страна.
  • Бараме политичките фактори на Европската Унија да разберат дека цената која ја бараат од Македонците од Р. Македонија, за влез во Европската Унија, солидаризирајќи се со Р. Грција за промена на нашето вековно име е превисока. Промента на името на Р. Македонија, заедно со невидениот притисок од страна на соседите на Република Македонија, кои не ја признаваат ни територијата, ни границите, ни народот, ни јазикот, ни државата, ни црквата, ќе доведе до долгорочна и трајна дестабилизација на Македонија, регионот и Балканот во целина. Само влезот во ЕУ под уставното име Р. Македонија може да ги запечати сите аспирации на соседите и обезбеди стабилност на Балканот.

ОМО -,,ИЛИНДЕН,, Р. Бугарија

  1. ОМО – ,,ИЛИНДЕН ПИРИН,, – Р.Бугарија
  2. “Македонско Едукутивно културно движење” – Воден Р.Грција
  3. “Македонска алијанса за Европска интеграција” – Р. Албанија
  4. Друштво ,,ИЛИНДЕН,, – Тирана Р.Албанија
  5. Друштво ,,Мост,, – Голо Брдо Р.Албанија.
  6. Друштво ,,Гора,, – Р.Албанија.
  7. “Заедница на ислмизираните Македонци” – Р.Макеоднија
  8. Друштво ,,ГОРА ,, – Косово Р.Албанија
  9. “Заедница ма Македoнците” – Р.Србија
  10. Граѓанска иницијатива ,,НЕ-ИМА,, – Р.Македонија

Средбата на Здруженија на Македонците од соседните државни започна вчера вечер во градската библиотека “Борка Талески”, каде претставниците на здруженијата разговараа за проблемите со кои се соочуваат нашинците во Албанија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска …

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top