На прво место

ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (10 дел)

treblinka

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ЛОГОРОТ НА СМРТТА ТРЕБЛИНКА

treblinka

Стотина километри североисточно од од Варшава, главниот град на Полска, во непосредна близина на железничката станица Малкинија, во текот на 1941 и 1942 година се изградени логорите Треблинка I  и Треблинка II, чив командант бил воениот злосторник Франц Пол Штанцл.

Веднаш по пристигнувањето на возовите со композиции сточни вагони натоварени со Евреи од цела Европа, осудените на смрт на самиот перон ги делеле во групи мажи. жени и болни. Овие последните на лице место ги праќале “во амбуланта”, односно на стратиште каде со куршум во глава по кратка постапка им ги скратувале маките. Здравите мажи ги праќале во Треблинка I што бил работен логор, на останатите им ги шишале косите и ги соблекувала за потоа нацистите да ги водат “на капење” во херметички затворени комори. Пред да влезат во коморите на осудениците на смрт нацистите им давале сапун од пресуван пепел од порано кремираните Евреи, со тенок слој прав сапун  направен од мрсното ткиво на убиените. Штом ке ги наполнеле коморите со несреќните Евреи, вратите биле херметички затворани и преку специјалните отвори на плафонот нацистите пуштале отровен гас “Циклон Б” (карбон моноксид) од којшто луѓето умирале за 15 до 20 минути и тоа во најтешки маки! Само за еден час во Треблинка II на овој начин биле убивани до 1.000 луѓе.

Логорот на смртта Треблинка II работел со најголем капацитет од август до декември 1942 година и од јануари до мај 1943 година, кока беа убиени и македонските Евреи. На 2 март 1943 година физичарот д-р Јулијан Кразицки организирал бунт во двата логори Треблинка  I  и Треблинка II.

Бегајки пред налетите на Црвената Армија нацистите во ноември 1943 година го уништиле логорот на сметта Треблинка,, ги разрушиле гасните комори, крематориумите и другите објекти во логорот, земјата ја изорале и засеале пченица.

ххххххххххххххххххххххххх

Се проценува дека најмалку 750.000 лица се убиени во концентрациониот логор Треблинка, меѓу нив и 7.132 македонски Евреи. командантот на логорот Франц Пол Штанцл биол заробен од американските војници, но успеал да избега. Долго време тој работел во Бразил, во филијалатас на автомобилскта фирма Фоксваген. Неуморниот ловец на нацисти Симон визентал успеал да му влезе во трага на тој начин што потплатил еден негов нацистички собоирец со 7.000 долари. Штангл бил екстрадиран на (западно)германските власти, каде бил осуден на казна 20 години затвор. Умрел во затворот во 1971 година.

хххххххххххххххххххххх

Раката на правдата го стигна и првиот човек на отсекот IV B 4 на Управата за безбедност на Рајхот Карл Адолф Ајхман, кому му судеа самите Евреи во името на шест милиони убиени сонародници во Втората Светска војна.

Интересно е дека во киднапирањето на Адолф Ајхман од Бразил учествувал и скопјанецот Даниел Дано Сасон, кој пилотирал со авионот со којшто Ајхман во најголема тајност бил префрлен во Израел. По долгиот судски процес во Израел, овој злосторник бил осуден на смрт со бесење, а по извершената егзекуција и кремирање пепелта од неговото тело била фрлена во Средоземното море за да не остане никаков траг од него!

ххххххххххххххххххх

На еврејските жртви во втората светска војна им е посветен голем спомен-комплекс “Јад Вашем” во Ерусалим, каде гори вечен огон. Во него се запишани сите краишта од Европа од каде Евреите биле депортирани во логорите на смртта. На погубените 7132 Евреи од Македонија меѓутоа, им е направена голема неправда: тие во “Јад Вашем” се претставени како “Евреи од Бугарија”!? Веројатно луѓето што го концепирале “Јад Вашем” користеле податоци од картотеките на логорите на смртта каде Евреите биле евидентирани од кој крај на окупирана Европа биле депортирани. Македонските Евреи биле депортирани во Треблинка од делот на нашата земја што бил тогаш под бугарска фашистичка окупација. Ова донекаде може да го објасти пропустот, но никако не може да го оправда затоа што трајно е одбележено името на крвниците кои практично ги испратија македонските Евреи во смрт.

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top