На прво место

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО АМБАСАДОРОТ НА ЕУ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА САМУЕЛ ЖБОГАР

Ваша Екселенцијо, Господине амбасадоре Жбогар,

Повод за моево обракање до Вас како шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија се бесконечните блокади на нашата државна граница од страна на членката на ЕУ Република Грција.

Поминаа веќе десетина дена колку што трае наводното незадоволство на грчките земјоделци искажано со блокирање на граничниот премин Богородица/Евзони, а не чувме ниту видовме било каква реакција од Вас, лично, како дипломатски претставник на Европската унија во Република Македонија, ниту пак од било кој амбасадор од земјите од ЕУ во нашата земја. Тотален молк од вашата – Европската страна!? Навистина чудно до ниво на апсурдност.

Екселенцијо, амб. Жбогар, не е прв пат Грција да ни подметнува вакви провокации што и нанесуваат огромни штети на македонската економија! Циклично, во определени периоди границата се затвора те заради наводен штрајк на грчките цариници, те заради “пад” на компјутерскиот систем, те заради штрајк на земјоделците, полицајците и што се не ке измислат се со цел да ни го згорчуваат животот со свесно конструирани блокади на границата.

Грчкото изживување е посебено драматично во овој период, кога е загрозено дистрибуирањето на горива во екот на зимската сезона која оваа година ја карактеризираа особено ниски температури и кога во Солунското пристаниште чекаат за транспорт во Македонија десетгици и десетици илјади тони разна стока. Но таквиот однос од грчка страна со блокадите на границата е посебно драматичен во летните месеци кога на пеколни горештини се држат цели семејства со мали деца со саати на граница поради некоја од горенаведените причини.

Амбасадоре, само наивни можат да поверуваат дека сегашната блокада е заради незадоволство на грчките земјоделци. Кристално јасно е дека се работи за политички притисок завиткан во обланда на некакво незадоволство. Граничните блокади се само за да се направи дополнителн притисок на нашата земја од страна на членка на ЕУ, а со некои потези од Брисел и дирекно од ЕУ, Република Македонија да потклекне и да ги прифати болните и сулуди намери да не прекрсувате и одродувате.

Впрочем, најотворено ве прашувам: зошто незадоволниците во грчкото општество (земјоделци, цариници, полицајци, граничари…) не го изразуваат својот гнев на граничните премини на Вашата членка Грција кон Албанија, Бугарија, или далеку било кон Република Турција (таму лошо ке поминат, зарем не?), туку само кон нашата земја? Мислам дека и самите сте свесни и не треба да Ви објаснувам ЗОШТО, нели!?

Дали некој од присутните амбасадори на членките на ЕУ во Република Македонија, а и бирократите во Брисел некогаш помислуваат на фактот дека грчките блокади се брутално нарушување на една од темелните вредности на самата ЕУ, а тоа е слободната комуникација на лугје, идеи и стоки меѓу земјите и народите? Очигледно, судејки по Вашето однесување и индиферентност, но и однесувањето на другите амбасадори на членките на ЕУ во Македонија, НЕ Е!

Амбасадоре Жбогар, во последно време интензивно крстарите низ Македонија, го посетивте Прилеп, па Радовиш, што е за поздравување, но добро е и самиот да појдите малку на југот од нашата земја, на граничниот премин Богородица и да видите лично што се случува таму. Од македонска страна ке видите полицајци од повеке ЕУ членки (Австрија, Унгарија, Словачка, Чешка….) кои будно ја блокираат балканстата емигрантска рута, чувајки ја на тој начин и Вашата земја, Словенија, но од спротивната страна на границата е грдата слика што ни ја приредува членка на организацијата што вие ја претставувате во Република Македонија.

Мора да се признае, економски штети трпат поединци и компании и во Грција, но нив мува не ги лази, тука е Европската унија, особено Германија, кои како на притисок на копче, кога ке им затреба на Грците, ке истурат десетици милијарди евра.

Не знам дали во делокругот на Вашата мисија во Македонија се проблеми со блокадите на границата за коишто Ви се обракам, но би било добро за Вашата професионална кариера, но пред се на субјектите погодени од ваквото нецивилизирано однесување на членка на ЕУ, некој во Брисел конечно за реагира на овие проблеми.

Знам, ЕУ се соочува со големи главоболки заради Британскиот Егзит, а особено по изборот на г. Доналд Трамп за претседател на САД, но некои порашања не смејат да се стават под тепих бидејки не може да се предвиди до кој степен можат да ескалираат работите.

Екселенцио, амбасадоре Жбогар, се надевам дека наместо да наметнувате модели каква влада и треба на Македонија (тоа е стриктно н а ш а работа, а не на ЕУ), дека барем малку ке се посветите и на темата за блокадите на границата.

Воедно, Ве замолувам моево јавно обракање, па сватете го и како личен протест, да го пренесите на Г-ѓица Могерини (не знам дали италијанскиот амбасадор во Македонија нешто сторил до сега на тој план), како и на г. Јоханес Хан, па чунки некој во Брисел конечно ќе свати што се провоцира една Вашата членка на “брдовитиот Балкан“.

Со должна почит,

М-р Мартин Треневски, поранешен амбасадор на Република Македонија во Шведска, Норвешка, Финска, Естонија и НАТО, Поранешен Министер во две демократски влади во независна Македонија.

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top