На прво место

Во Прилеп нови работни места во индустриските зони

Градот под Марковите кули на чело со ревносниот градоначалник Марјан Ристески кој успешно го одработува својот трет едно по друго градоиачалнички мандат во минатата година преку средства од локалниот буџет и во координација со Владата на Република Македонија продолжија со реализација на нови грандиозни проекти кои истите ќе значат подобрување на квалитетот на живот на обичниот прилепчанец.

Најголемо внимание е посветено на отворањето на нови работни места.

За таа цел комплетно и изградена инфраструктурата во слободната економска зона ТИРЗ во близина на с.Алинци. Инвестицијата тешка 147 000 000 денари е обезбедена од дирекцијата та технолошко – индустриски развојни зони и Владата на Република Македонија. Ва тоа место се постави нов асфалт на пристапните улици. Исто така, се постави нова водоводна и канализациона мрежа и се донесе електрична енергија, оптички кабли за интернет и се друго што е потребно за нормално функционирање на ТИРЗ зоната.

во оваа слободна технолошки – развојна индистриска зона ТИРЗ почна со работа Американскиот гигант во автомобилската индустрија Гентерм. Инврстиција вредна 20 милиони евра и во моментот работат над 800 работници од Прилеп и населените места кои гравитираат со градот под Марковите кули.

Во Тирз се изгради и објект на германската компанида Акомпласт која наскоро треба да започне со работа. Во оваа фабрика се очекуваат нови 100 вработувања.

Се финишираат прековорите со други мултинационални компании кои сакаат да инвестираат во ТИРЗ Прилеп.

Се изгради поголем дел од инфраструктурата во индустриската зона Прилеп1. Со средства во висина од 27 милини евра обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа како и Грант од Светска банка од124 000 евра. Во оваа зона се продадени 27 локации.

Изработен е новиот ДУП за индустриската зона Прилеп 2, каде се продадени 5 од вкупно 14 локации.

На крајот, со еден збор кажано во минатата година само во индустриските зони и слободната Технолошко-индустриско разбојна зона /Тирз) се отворени околу1000 работни места во Градот под Марковите кули.

Дипл.Екк.Рубинчо Б.Јованоски од Прилеп

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top