На прво место

Панихида на загинатите бранители од конфликтот во 2001 г.

laze-naumov

Лазе Наумов

Здружението на воените инвалиди од 2001 подготвува одржување на панихида на загинатите бранители од конфликтот во 2001 во етно село Св ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ во Крива Паланка на 25 февруари 2017 година,со почеток од 12.00 часот.

laze-naumov

На панихидата ќе бидат поканети наши членови, високи претставници од идната влада на Република Македонија, од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од дипломатија,претседателите од сите политички партии на Република Македонија,свештенството на МПЦ ОА,Здруженија.

На панихидата секој граѓанин кој што сака да запали свеќа за погинатите јунаци од 2001 година и секако новинарите се добродојдени.

Ве очекуваме во што поголем број…едноставно “Некои дадоа по нешто…А НЕКОИ ДАДОА СЕ“…ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА Македонија…

Причината зошто сега па одговорот е јасен, на денот прочка за прв пат е почнат воениот пир, терористички групи од Косово го запоседнаа Танушевци, брест и малино маало, тука се наоѓа најважната точка од воен аспект за одбрана на главниот град Скопје а тоа е Кодра фура.

branitel

На 5 март 2001 загинаа тројца припадници на безбедносните сили на Република Македонија од АРМ, од таа прва пролеана крв се знаеше почетокот на пеколот, до потпишувањето на рамковниот договор кој беше под закана однадвор да биде потпишан на зелена маса иако на бојно поле никаде не загубивме.

Се случи да згаснат многу млади животи од Полицијата и Армијата на нашата земја и заради нив, мора да дадеме иницијатива кога ќе има ден кога ќе се одбележи нивното погибие и да им дадеме почит која би прераснала под покровителство на претседателот на Република Македонија во содејство со сите нас бранителите и воените инвалиди од 2001 кои сеуште ги трпат последиците од злото кое не снајде во таа кобна 2001 година…

Панихидата е за нив за нашите соборци кои лично ги познававме и не можеме да ги заборавиме…

Едноставно кажано идните генерации да имаат патоказ како да си ја сакаат својата земја и зошто треба да имаат морал и високи стремежи кон сочувување на слободата на својата земја…

СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА. АМИН!

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top