На прво место

Тој што ветар сее, бура ќе жнее

ЈАЗИЧНИТЕ ЕГЗИБИЦИИ ГИ ЗАГРОЗУВААТ ТЕМЕЛИТЕ НА ДРЖАВНОСТА

Тој што ветар сее, бура ќе жнее. Пандорината јазична кутија на Зоран Заев, конечно е отворена. Го проблематизира Охридскиот рамковен договор и побара негово проширување, одговорот го доби веднаш!

ДУИ, ДПА, Алијансата за Албанците и БЕСА со асистенција на албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, ја испорачаа таканаречената “албанска платформа“ како ултиматум за владина коалиција после вонредните парламентарни избори од 11 и 25 декември 2016 година. Поради анимозитет меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ДУИ е децидна дека нема да коалицира со никој, а Македонија нема да добие Влада, се’ додека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не ја прифатат “албанската платформа“ во целина!

Штета што претседателот на Републиката направи импровизација, надвор од роковите утврдени со членот 90 од Уставот за изборот на Влада, ги поттикна партиите на парламентарно мнозинство без рок до кога тоа треба да се случи.

Откако кандидатот за мандатар на ВМРО-ДПМНЕ го врати мандатот за состав на Влада, СДСМ изрази подготвеност да ги прифати барањата на ДУИ и започна преговори за договор за владина коалиција. Ја убедуваа јавноста дека двојазичноста е “лага“, но демантот за “лагата“ стигна токму од ДУИ!

Портпаролот на ДУИ, Артан Груби, на партиската прес-конференција одржана на 26 декември 2016 година беше повеќе од јасен: “Двојазичноста е приоритет во партиската платформа на Демократската унија за интеграција, тоа значи двојазичност на целата територија! Граѓаните со албанска националност да можат во сите институции да го применуваат албанскиот јазик!“ (http://24vesti.mk/grubi-tie-shto-ne-go-znaat-albanskiot-jazik-da-go-nauchat?quicktabs_popularna_sodrzina=1)

На новинарското прашање како би се спровела двојазичноста, на истата прес-конференција, Артан Груби додаде:

“Тоа значи, тие што не го разбираат јазикот, како вие, во овој случај, треба да го научат. Неподготвеноста на СДСМ, претходно и на ВМРО денес да го почитуваат Уставот и да го почитуваат Законот во однос на постигнување на еднаквост за употребата на албанскиот јазик, не донесе во ситуација каде што мора да усвоиме сеопфатен “лекс генералис“ што ќе ги регулира сите отворени прашања“.

ДУИ со програмата предвиде донесување на Закон за формирање на институција која ќе ја штити употребата на албанскиот јазик.

Борјан Јовановски, пак, на 16 февруари 2017 година појаsни: “Албанскиот јазик треба да е задолжителен во сите основни училишта за Македонците… тоа е дебатата која треба да се води!“ (https://mobile.twitter.com/BorjanJovanovsk/status/832342369362141185)

Наместо принципот на еднаква сувереност во односите со Албанија, што подразбира немешање во внатрешните работи на суверените држави и принцип на реципроцитет – што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија, Македонија е уценета да го воведе албанскиот јазик на целата територија, спротивно на Уставот и да обезбеди негово задолжително изучување во сите основни училишта за Македонците… Тешко дека тоа ќе се оствари поради потребата од дво-третинско мнозинство во Собранието за промена на членот 7 од Уставот што ја уредува службеноста на јазикот, ама етничките тензии се поткренати и само Господ знае што понатаму ќе биде…

Во страста за власт и сласта за моќ и пари, треба да се има достоинство, човек да биде достоен да владее со државата и нацијата! Но, Голем Е Господ…

Македонија не смее да вплови во јазична авантура со ризичен епилог, претендентите за власта треба да знаат кон што ја води државата и нацијата, нивниот волунтаризам и егзибиционизам…

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top