На прво место

МАНИПУЛАЦИИТЕ НА СДСМ СО ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ НА МАЛЦИНСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Законот за употреба на јазиците на малцинските заедници, како обврска од Охридскиот рамковен договор, Собранието го донесе во 2008 година. Го гласаа пратениците од сите партии: и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и од ДУИ и од ДПА… Тогаш имаше коалициона Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ако ВМРО-ДПМНЕ со овој закон им дал “двојазичност” на Албанците, како што некои велат, тогаш зошто е потребен нов Закон за употреба на јазиците на малцинските заедници и во 2017 како услов на ДУИ за формирање Влада со СДСМ? Впрочем, услов на ДУИ за владина коалиција беше двојазичност на целата територија и промена на став 1 од членот 7 на Уставот којшто бараа да гласи “1. На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службени јазици се македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото латинично писмо.”

А, Уставот е ист и во 2008 и во 2017 година.

Меѓутоа, СДСМ подготвува друга игра. Еве за каква манипулација станува збор и како тоа треба да се изведе.

Со амандманот V на членот 7 став 2 од Уставот е утврдено дека “Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.”

Уставот и членот 7 од Уставот се менуваат со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кои мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Во членот 7 став 5 од Уставот се вели: “Во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.”

Закон за употребата на јазиците на малцинските заедници веќе е донесен во 2008 година со согласност на сите пратеници и тој претставува најширока основа за јазичните права на малцинските заедници.

Но, за несреќата да биде поголема, овој закон се донесува со најмалку 40 гласа, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Одлучувањето во Собранието е уредено со амандманот X на членот 69, којшто гласи: “1. Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.

2. За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот за односи меѓу заедниците.”

Собранието со гласовите на СДСМ, ДУИ, ДПА, БЕСА и Алијанса за Албанците ќе го донесе Законот, со образложение на предлагачот дека Законот е во согласност со Уставот, а сите кои сметаат дека Законот ги крши одредбите на членот 7 од Уставот ќе бидат упатени на Уставниот суд на Македонија. Знаејќи како тој суд функционира, веќе ја видовме неговата ажурност по иницијативата од октомври 2015 година за поништување на Законот за специјалното јавно обвинителство, само Господ знае кога уставните судии ќе постапат по било чија иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употребата на малцинските заедници. Ако во меѓувреме се остварат материјалните одредби од тој Закон, а може експресно се’ да се спроведе, отпосле, многу тешко во праксата нешто може да се врати во претходна состојба.

Дополнителна замка во која ќе падне Собранието при донесувањето на овој Закон е суспензијата на Собранието во општата и амандманска расправа. Имено, претходно пратениците донеле некој неуставен договор, закони што се преземаат од Европското законодавство и се во согласност или по барање на Европската Унија, да се носат без општа и амандманска расправа, обележани со европско знаменце. Законот за употребата на јазиците на малцинските заедници СДСМ ќе го предложи со европско знаменце, со што автоматски исклучува општа и амандманска расправа, тие закони се носат по итна постапка. Целта е да се исклучи ВМРО-ДПМНЕ од општата и амандманска расправа и спречи блокадата за донесување на овој закон, исто како што тоа досега го правеа пратениците на СДСМ и ДУИ со други закони.

Класична злоупотреба на демократијата. Ама, последиците се далекусежни и неповратни и ќе се товар на сите… И се’ за помалку од 15% од вкупното население на Македонија…

На крајот на краиштата, ирелевантни се и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ДУИ и ДПА ако се суспендира унитарноста и државноста, ако се загрозува македонскиот јазичен простор во државата Македонија.

Пуста страст за власт и сласт за моќ и пари …

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top