На прво место

ПРОТЕСТ ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО ЖЕНЕВА!

zeneva1

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ШВАЈЦАРИЈА

zeneva1

26 февруари 2017 година, Женева, Швајцарија – Со интонирање на македонската и швајцарската национална химна, Македонската заедница во Швајцарија денес одржа мирен протест на плоштадот пред зградата на Обединетите Нации во Женева. Организатори на мирниот протест беа организациите “Рефрама“ од Женева, Македонското друштво “Александар Македонски“ од Ивердон, организацијата “Македонска Дијаспора“ од Лозана и Македонското училиште во Швајцарија.

Mирниот македонски протест во Женева се одржа под слоганот “Македонците за унитарна Македонија!“

Од мирниот протест на којшто присуствуваа неколку стотици Македонци од цела Швајцарија беше упатена “Декларација за унитарна Македонија“ до Организацијата на Обединетите Нации, Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Народна Република Кина, Република Франција и Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска, како и до властите во Швајцарија и Македонија.

zeneva2

Декларацијата гласи: “(1) Македонците во Швајцарија, како нераскинлив дел од Македонскиот народ, изразуваат загриженост за унитарноста и државноста на Македонија, за името на државата и идентитетот на нацијата!

(2) Македонците во Швајцарија отфрлаат федерализација и службеност на албанскиот јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи!

(3) Македонците во Швајцарија го повикуваат демократскиот свет да ја поддржи унитарноста и државноста на Македонија!

(4) Македонците во Швајцарија сметаат дека Македонија е држава на Македонскиот народ како единствен носител на државноста, во која сите се еднакви пред Уставот и законите, независно од социјалниот статус, етничкото потекло, верското уверување и партиската припадност!

(5) Македонците во Швајцарија бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна дистинкција од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата вр Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој се уште трае!

(6) Македонците во Швајцарија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната!

(7) Македонците во Швајцарија бараат попис на населението!

(8) Македонците во Швајцарија отфрлаат владина коалиција којашто нема да ја почитува оваа Декларација!

(9) Македонците во Швајцарија повикуваат на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

(10) Оваа Декларација се доставува до: Организацијата на Обединетите Нации, Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Народна Република Кина, Република Франција и Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска, како и до властите во Швајцарија и Македонија.

Да живее Македонија! Сите Македонци еден за друг!“

zeneva3

До организаторите и учесниците на мирниот протест пред Обединетите Нации беше прочитана поздравна телеграма од претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, која гласи: “Почитувани браќа и сестри Македонци, во името на Светскиот Македонски Конгрес, како неформален светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, упатувам искрени поздрави до организаторите и учесниците на мирниот протест пред Обединетите Нации во Женева за унитарна Македонија! И покрај сите разлики меѓу нас Македонците, и во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател. Поради тоа, Ве повикувам на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација, затоа што силата е во единството! Ве повикувам на одбрана на унитарноста и на државноста на Македонија! Ве повикувам на одбрана на македонскиот јазичен простор во државата Македонија! Останете лојални државјани на Швајцарија, но никогаш не ги заборавајте вашите корени во Македонија и бидете горди и достојни Македонци! Нека Господ Бог Ве благослови сите Вас, нека Господ Бог ги благослови Македонија и Швајцарија! Со почит, претседател на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.“

Протестот започна и заврши мирно и достоинствено.

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top