На прво место

МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА ПОДДРЖУВААТ УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО СРБИЈА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА ПОДДРЖУВААТ УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА!

3 март 2017 година, Белград, Србија

– Националниот совет на Македонската заедница во Република Србија со голема загриженост ги следи актуелните случувања во нашата матична држава Република Македонија. Од осамостојувањето на Република Македонија 1991 година па до денес нашата матица ја гледаме како современа, плуралистичка и демократска држава на сите граѓани кои живеат во неа и на сите државјани кои живеат вон неа. Согласно со придобивките на двата Илиндена ние сме горди што нашата матична држава досега била отворена, мултикултурална и што подеднакво се грижела за сите свои граѓани во Македонија без оглед на пол, националност или вероисповест.

Ние Македонците од Србија сакаме да пратиме порака дека се залагаме за мирна, стабилна и просперитетна Македонија во која ќе владеат добри меѓуетнички односи но истовремено се залагаме за унитарна, независна и слободна Македонија на сите нејзини граѓани Македонци, Албанци, Срби, Власи, Турци, Роми и Бошњаци и на сите други како рамноправни граѓани. Националниот совет на Македонската заедница во Србија силно го вознемири и веста дека во преговорите за формирање на новата влада е направен компромис според кој, како наведуваат македонските медиуми, треба “српскиот народ да се прогласи за винвоен за геноцид врз Албанците во Македонија меѓу двете светски војни.“ Ваквиот потег, доколку информацијата е точна, може сериозно да ги наруши односите помеѓу Србија и Македонија на чие јакнење и унапредување со децении работи како македонската национална заедница во Србија така и српската во Македонија.

Националниот совет на Македонската заедница во Србија смета дека ваквите идеи и предлози се политички неодговорни и остро ги осудуваме. Упатуваме апел и до сите релевантни политички субјекти во Република Македонија, да изнајдат сила и државничка мудрост со дијалог и меѓусебен договор да ја надминат сегашната состојба за доброто на државата и нејзината демократска иднина.

Македонскиот мнозински народ треба да ги штити и почитува интересите на припадниците на малцинските заедници во државата, но исто така, сметаме дека малцинските заедници во Македонија се должни да го почитуваат мнозискиот Македонски народ, да ја почитуваат својата држава Македонија, нејзиното уставно име, грбот, знамето и јазикот во согласност со македонскиот Устав и меѓународните стандарди за стабилна, јака и респектабилна држава Република Македонија, – се вели на крајот од соопштението на Националниот совет на Македонската заедница во Србија.

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top