На прво место

Тиранската платформа стана предуслов за формирање Влада на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати писмо до членовите на Европскиот совет, до претседателот на Европскиот совет, г. Доналд Туск, до Генералниот секретар на НАТО, г. Јенс Столтенберг и до двата стратегиски партнери на Република Македонија, до претседателот на Соединетите Американски Држави, г. Доналд Трамп и до претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган.

Во продолжение е интегралното писмо од претседателот Иванов:

Почитувани,

Во пресрет на состанокот на Европскиот совет, дозволете да Ве запознам со актуелната состојба и со сето она што се случува во Република Македонија.

Република Македонија веќе две и пол години минува низ длабока политичка криза. Со олеснувачката улога на ЕУ и на САД беше постигнат Договорот од Пржино во чија суштина беше организирање предвремени парламентарни избори во фер и демократски услови и формирање Влада на Република Македонија што најпрво ќе се фокусира на итните реформски приоритети.

На 11 декември 2016 година се одржаа слободни, фер и демократски избори, кои беа поздравени од сите страни. Но, наместо излез од кризата и фокусирање на итните реформски приоритети, ние повторно се најдовме во длабока политичка криза. Имено, по изборите, три од четирите парламентарни партии на етничките Албанци во Република Македонија, со 18 од вкупно 120 пратеници во Собранието, под покровителство на премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и неговиот министер за надворешни работи во Тирана создадоа платформа за Албанците во Република Македонија.

Тиранската платформа стана предуслов за формирање Влада на Република Македонија.

Платформата е постизборен документ усвоен во туѓа држава во кабинет на странски државник и со посредство на премиер на туѓа држава. Со оваа платформа се загрозува сувереноста и независноста на државата, доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Реализацијата на платформата подразбира промени во Уставот на Република Македонија со кои би се загрозил унитарниот карактер на државата. Платформата го нарушува Охридскиот рамковен договор, кој ги регулира односите на етничките заедници со државата Република Македонија и нивните меѓусебни односи. Во спротивност со Охридскиот рамковен договор, платформата е дискриминаторска кон другите етнички заедници, бидејќи приоретизира само една заедница. Оваа платформа од Тирана дополнително ја дестабилизира внатрешнополитичката состојба и ги зголемува меѓуетничките тензии во Република Македонија.

Со начинот на кој е донесена и со изјавите на официјалните претставници на Република Албанија и Република Косово, негативно се одразуваат на меѓусоседските односи и се врши дестабилизација на регионот на Западен Балкан. Оваа платформа, нас нè доведе во застој од кој е тешко да се излезе бидејќи има ултимативен и уценувачки карактер.

Почитувани,

Во согласност со член 84, алинеја 1 од Уставот на Република Македонија, на 1 март 2017 година донесов одлука да не определам мандат за состав на Владата на Република Македонија на секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзиниот суверенитет и независноста. Како претседател на Република Македонија, моја уставна должност е да ги почитувам Уставот и законите и да ги штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.

За сите овие нешта лично ги информирав комесарот г. Хан и високиот претставник, г-ѓа Могерини. Од нив побарав јавно и јасно да ја осудат и да ја отфрлат платформата како чин на мешање во внатрешните работи на суверена држава и како документ што дополнително нè дестабилизира и изложува на внатрешнополитички, меѓуетнички и можни геополитички влијанија. Ќе повторам дека овој документ кој е ултимативен и уценувачки го суспендира и Договорот од Пржино во кој Европската Унија го вложи сиот свој надворешнополитички кредибилитет.

Сметам дека осудата и отфрлањето на овој документ е единствен начин за излез од безизлезната состојба во која се наоѓаме.

Само на тој начин ќе ги постигнеме целите на Договорот од Пржино, пред сè итните реформски приоритети, политичката стабилизација, намалувањето на меѓупартиските и меѓуетничките тензии во Република Македонија и враќање на државата на патот кон европските и евроатлантските интеграции. Во тој контекст, барам со внимание да ја разгледате вистинската реалност со која сме соочени и да се заложите оваа штетна платформа да биде јавно отфрлена и осудена од страна на Европската Унија и НАТО и нивните земји членки. Понатаму, очекувам да го осудите флагрантното мешање во внатрешните работи на Република Македонија од страна на два нејзини соседа – аспиранти за полноправно членство во Унијата. Конечно, очекувам да испратите силна порака до нашиот геополитчки ранлив регион за неповредливост на границите на Балканот и да ја реафирмирате европската и евроатлантската перспектива на земјите од регионот.

Отсуството на јавна осуда на платформата од Тирана од страна на меѓународната заедница само ќе охрабри слични обиди во нашиот, но и во други региони во Европа со сложена етничка, религиска и јазична реалност.

Најискрено се надевам дека ќе наидам на Вашето разбирање. Во прилог Ви доставувам копија од горенаведената платформа, како и изјави на официјални претставници и институции на Република Албанија и Република Косово.

Како претседател на Република Македонија, земја долгогодишен кандидат за членство во Европската Унија и НАТО, очекувам да се ангажирате и да ни помогнете бидејќи иднината и перспективата на моите сограѓани се пред мошне сериозен предизвик.

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top