На прво место

Руската Федерација, директно, со сите расположливи средства, да застане во категорична одбрана на Македонија

maak

maakНационалниот Комитет на МААК и укажува на целокупната македонска јавност дека изјавата на госпоѓа Федерика Могерини, дадена пред нејзиното заминување од Република Македонија, со која навестува геополитички конфликт, покрај тоа што е исклучително опасна за мирот и стабилноста на балканските држави, недвосмислено зборува дека корумпираните бирократи од ЕУ и НАТО и нивните политички миленици од Тирана и Приштина, свесни за новата политичка реалност и новите геополитички односи во светот, кои се рефлектираат и на Балканот,нервозно и во најголема итност, се обидуваат да го довршат Клинтон-Обама проектот за Балканот.

Проект кој содржи две алтернативни решенија. Првото предвидува редефинирање на унитарната држава на македонскиот народ, Република Македонија, во федерална држава на две етнички заедници, со рамноправни, официјални јазици на двете заедници и со име кое нема да биде изведено од името на ниту едната етничка заедница. Со тоа би се затворило постоењето на македонскиот народ и неговата матична држава и  хибридната федерална творба би била итно втурната во милитантната НАТО организација, како ,,голема придобивка,, од националната евтаназија, реализирана преку погубната политика на Зоран Заев.

Наследничката на Валтер Холштајн, првиот претседател на Европската комисија (тело кое во ЕУ носи оценки за напредокот на Република Македонија), инаку еден од најблиските соработници на Адолф Хитлер,госпоѓата Федерика Могерини, во Скопје, ја најави втората алтернатива на овој проект. Имено, госпоѓа Могерини отворено му се закани на македонскиот народ, доколку не ја прифати опцијата за федерализација и тивко бришење на македонското постоење, дека тоа би бил геополитички конфликт, или агресија од Албанија и Косово, според кој, со премолчено одобрување од  корумпираните бирократи од ЕУ и НАТО, би се формирала фашистичката творба Голема Албанија, која егзистирала во златното време на фашизмот од 1941 до 1943 година, со што, Република Македонија, по повторното распарчување, стотина години после Букурешт, дефинитивно би била избришана од европската карта.

Затоа,Националниот Комитет на МААК, откако паднаа маските на корумпираните бирократи од ЕУ и НАТО, заканувајќи ни се со геополитички конфликт, произведен и реализиран токму од нив,  јасно и отворено, ја повикува Руската Федерација, директно, со сите расположливи средства, да застане во категорична одбрана на Македонија, како колевка на православието и писменоста, вредности кои со милениуми заеднички ги споделуваме.

Националниот Комитет на МААК сака да ја потсети целокупната домашна и меѓународна јавност дека вредностите на кои денес се повикуваат ЕУ и НАТО се менувале, се менуваат и ќе се менуваат, зависно од односот на политичките сили во европските држави и САД, додека вредностите кои заеднички, веќе со столетија ги споделуваат рускиот и македонскиот народ, се трајни и непроменливи. Токму во името на тие заеднички вредности, инсистираме на заедничка заложба за зачувување на државата на македонскиот народ.

Национален Комитет на МААК

Претседател

Страшо Ангеловски

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top