На прво место

ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (14 дел)

makedonska-evrejska-familija

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ЗЛОСТОРСТВОТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ,  А ЖИВОТОТ  ТЕЧЕ И ПОНАТАМУ

makedonska-evrejska-familija

Многумина од македонските Евреи кои ги преживеаја стравотиите на  концентрационите логори ширум Европа, а кои по завршувањето на војната се вратија во Македонија, по кратко време повторно ја напуштија земјата и тоа засекогаш, бидејки овде, на секој чекор ги врзуваа свежите спомени од детството за најблиските и најсаканите. Оние што останаа, на иницијатива на Димитар Влахов, набргу ја обновија Еврејската заедница која денес брои 85 (?) члена.

Според изјавата на долгогодишниот поретседател на Еврејската заедница на Македонија Бенјамин Самоковлија, кој се спасил од погромот на македонските Евреи приклучувајки се на партизаните,  во првите години по ослободувањето во Скопје имало вкупно 320 преживеани Евреи, но најголем дел подоцна емигрирале во Израел. 

хххххххххххххххххххххххх

Во колективната меморија на Еврејскиот народ ке остане забележено дека двајца видни Македонци имаат огромна заслуга за нивниот опстанок и за создавањето на Еврејската држава Израел. Тоа се: е Алксандар Mакедонски и Димитар Влахов. Хроничарите забележале дека кога Александар Македонски во своите походи кога ке се приближел кон некој утврден град претходно пракал  претходница за да им порача на локалните владетеле да ги отворат портите и да се предадат, во спротивно ке следи одлучен напад. Оние што ке го прифатиле неговиот ултиматум – обично поминувале добро: Александар ги почитувал локалните владетели (кои продолжувале да владеат како негови вазали) и обичаи, често пати бил милостив и знаел да дарува, а патем земал локални војници и команданти кои ги вклучвал во неговата армија во следните походи.

Истиот гест Александар го направил и кога пристигнал со војските пред портите на Ерусалим. Тој (Александар) испратил емирсаи во Ерусалим кои ја пренесле пораката:”да се предадат, или…..”. На старешините на Ерусалим им било многу добро познато што значи спротиставувањето на Александар, тие ширум ги отвориле градските порти и македонската армија влегла во градот. Александар качен на Букефал, коњот кого одел во бројни битки, дојавал пред големиот храм на царот Давид и царот Соломон, а таму го пречекал врховниот рабин на храмот. Рабинот му се поклонил на Александар искажувајки на тој начин почит кон големиот воин, а Александар Македонецот возвратил поклонувајки се уште подлабоко. Рабинот не изненадил и запрашал: “Цару Александре, зарем Ти, на кој целиот свет се плаши од товајта сенка, се поклонуваш на еден обичен рабин?”, на што Александар одговорил:”Не ти се поклонувам јас на тебе, туку на твојот Бог што ми се јави на сон во Дион (заб: светиот град на античките Македонци) и ми претскажа дека ке постанам господар на светот”, по што оставил на храмот богати подароци од злато и сребро. 

Ќе остане забележено: Александар Македонецот е единствен војсководец којшто дошол со војските во Ерусалим не да руши и пљачкосува, туку да дели дарови.

За Димитар Влахов се знае дека тој како претставник на Солуњаните во турскиот Меџлис во Истанбул го покренал прашањето Империјата да ги отвори границите и да дозволи доселување на Евреи во својата прататковина. После неколкудневна расправа заклучокот на Меџлисот бил дека нема причина да се попречува доселувањето на Евреите во Светата земја кои бегале од растечкиот антисемитизам ширум Европа и така започнува процесот на доселување на бројни еврејски семејства кои во периодот меѓу двете сметски војни покренуваат бројни акции против британските колонизатори на Светата земја, за 1948 година да запоцнат војна за независност што резултира со создавањето на Државата Израел (State of Israel).

Димитар Влахов беше голем пријател со првиот претседател на Државата Израел за што сведочи нивната интензивна коресподенција. Двата државници во многу наврати си разменувале покани за меѓусебни посети, но до такво нешто не дошло заради нивните поодминати години.

Во знак на благодарност и почит за неговите лични заслуги за Еврејството и државата Израел, една улица во Тел Авив денес го носи името на големиот македонски револуционер и деец Димитар Влахов.

ххххххххххххххххххххххххх

ПИРАМИДАТА НА НАЦИСТИЧКАТА ВЛАСТ: ОРГАНИЗАЦИИ, УСТАНОВИ, ЛОГОРИ НА СМРТТА

 АДОЛФ ХИТЛЕР

(водач на Рајхот и врховен командант на Вермахтот)

 ХАЈНИР ХИМЛЕР

 (рајхсфирер на Врховниот совет на ЕсЕс /СС/, министер за внатрешни работи и шеф на германската полиција)

 “Врховен совет” на СС со 12 управи

ХАЈДРИХ и КАЛТЕНБРУНЕР /шефови на R S H A/ , главна управа за безбедност на Рајхот – управа IV: Гестапо на чело со Хајнрих Милер

Реферат  IV  Б 4 КАРЛ АДОЛФ АЈХМАН

————————————————————————————————

Бугарски соработници на Рајхот одговорни за ликвидацијата на македонските Евреи:

ПЕТАР ГРАБОВСКИ, министер за внатрешни работи и шеф на бугарската фашистичка полиција;

АЛЕКСАНДАР БЕЛЕВ, шеф на Комесаријатот за еврејски прашања /КЕП/ на царборисовска Бугарија,

ЗАХАРИ ВЕЛКОВ, Делегат на КЕП за Македонија,

ИВАН ЗАХАРИЕВ, Делегат на КЕП за скопската област,

ЃОРЃИ ЏАМБАСОВ, Делега на КЕП за битолската област,

СТОЈАН ХРИСТОВ БАШЧЕВАНЏИЕВ, Делегат на КЕП за штипската област,

ПЕЈО ДРАГАНОВ ПЕЕВ, Командант на  бугарскиот концентрационен логов во Скопје

Крај

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top