На прво место

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

todor

todor

Пишува: Тодор ПЕТРОВ

Вилијам Гледстон (29 декември 1809 година – 19 мај 1898 година) четирикратниот британски премиер, уште на 19 јануари 1897 година за македонското прашање изјавил: “Зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?“ Така и денес: Зошто да не е – Македонија на Македонците! Не, поради омраза и војна против другите, туку заради мир и љубов, во коегзистенција и толеранција со сите! Македонија на Македонците, затоа што: Без Македонците, Македонија ќе ја нема, а тогаш, пандорината кутија како црна дупка на Балканот ќе ги проголта сите…

Така велеше Вилијам Гледстон во 1897 година, ама Зоран Заев после сто и дваесет години, во интервју за Хрватската радио и телевизија од 4 март 2017 година вели, “Македонија на Македонците“ повеќе не важи, туку “Македонија на сите, не само на Македонците!“ Па продолжува: “Ние сме за едно општество, за Македонија на сите, а тие се за Македонија само на Македонците.“ Па, на кого да е Македонија ако не на Македонците, на Марсовците ли? И затоа нешто да појасниме, заради заблудите и мајтапењето на Зоран Заев кој нешто за што зборува, ама не знае да каже што сака, бидејќи ништо од тоа што вели за општеството не разбира, а прави штета и за државата и за нацијата! Едно општество значи унитарна држава со еден службен јазик на целата нејзина територија и во нејзините меѓународни односи со неделива територија и неповредлива граница. Крај на приказната! Двојазичноста значи дезинтеграција и гетоизирано општество, двојазичноста значи поделено општество, федерализација и сепарација, се’ до територијална дезинтеграција! Унитарноста подразбира еднонационална држава, а не бинационална или мултинационална држава! А, еднонационална држава значи дека постои еден мнозински народ или етнос (едно-с) и едно или повеќе национални малцинства. Сите заедно се една нација, чија основа е мнозинскиот народ или етнос (едно-с). Државата ни е еднонационална, а општеството ни е мултиетничко. Мултиетничко општество не значи анти-македонско, туку македонско општество! Ниту македонско општество значи анти-малцинско општество во кое националните малцинства би биле изложени на мајоризација и дискриминација. Мултиетничко општество не значи мултинационална држава, бидејќи не сме сложена (федерација, конфедерација, сојуз на кантони или региони) туку унитарна (еднонационална) држава. Македонците се цивилизација на мирот и љубовта наспроти војната и омразата, Македонците се цивилизација на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, Македонците се цивилизација на културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури наспроти корпоративниот глобализам којшто врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка. Британскиот империјализам со колонијализмот, ропството и апартхејдот од планетата Земја, за само 100-200 години избриша стотици етноси, јазици, религии и култури… И не случајно Гоцевата мисла “Светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, не како негова лична импресија, туку како експресија на генетскиот код на една цела цивилизација – Македонската, на којашто припаѓаме и ние! Се разбира, Македонија на Македонците, затоа што по државјанство, сите во државата Македонија се Македонци, независно од нивното етничко потекло! Македонија на Македонците, затоа што името на оваа држава се вика Македонија и никако поинаку освен Македонија за сите и за сите времиња и во целиот свет! Македонија на Македонците, затоа што носител на државноста на Македонија е Македонскиот народ и никој друг освен Македонскиот народ! Затоа и само Македонскиот јазик е еден и единствен службен јазик на целата територија на државата Македонија и во нејзините меѓународни односи! Во биометриските лични исправи, на сите, според меѓународните стандарди, во графата државјанство односно nationality, пишува Македонец односно Macedonian! Порано, пред биометриските лилни исправи, за да не се навределе Албанците, во истата таа графа место Македонец односно Macedonian, пишуваше Република Македонија односно Republic of Macedonia. Со пасош на државата Македонија на секој граничен премин и во целиот свет за сите, ти си Македонец и ништо друго освен Македонец, независно од твоето етничко потекло за кое никој не те прашува! Во контекст на горното и една интересна опсервација за демистификација на лажниот космополитизам на Зоран Заев. Првото повеќепартиско собрание на Македонија на 3 ноември 1992 година донесе Закон за државјанството на Република Македонија. Како независен пратеник предложив амандман, врз основа на иста одредба во бројни закони за државјанство на други држави “Странец кој поднесува барање за прием во македонско државајнство, должен е да приложи и изјава во која се вели дека ја прифаќа припадноста кон Македонската нација.“ Веднаш скокнаа пратениците од СДСМ со обвинение дека овој амандман значи фашизам. Залудни беа моите укажувања дека приемот во државјанство се однесува за странци, а по меѓународно право националност значи државјанството а не етничко потекло, дека по државјанство во Македонија сите се Македонци бидејќи името на државата е Македонија. Поради името на државата, за сите во светот сме Македонци, независно од етничкото потекло. Репликата кон пратеникот на СДСМ Кирил Ковачевски беше “Јас сум Македонец и не се срамам да кажам тоа што сум. Тоа што вие не знаете кои сте и се срамите да кажете што сте е ваш проблем, но не и мој.“ На нападите од СДСМ, веднаш наскокаа пратениците од ПДП. Нивниот коментар беше “Во Македонија има фашизам, Тодор Петров е еден од тие фашисти!“ На прашање на пратеникот Исмет Рамадани “Што сме ние, ако сите во Македонија се Македонци, според дефиницијата на Тодор Петров?“ му одговорив “Вие сте Македонци од албанско етничко потекло!“ И расправата заврши. Арно ама, на петтото продолжение на 74 седница на Собранието одржана на 21 април 1994 година, во расправата по предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за изборните единици за избор на пратеници во Собранието на Социјалистичка Република Македонија, ПДП повторно ме обвинија за фашизам поради амандманот “Странец кој поднесува барање за прием во македонско државајнство, должен е да приложи и изјава во која се вели дека ја прифаќа припадноста кон Македонската нација“ на Законот за државјанството од 1992 година. Во одговорот ним, дека фашизам во Македонија има но во редовите на ПДП, пратеникот Мухамед Халили ми ги турна микрофоните и собраниската седница беше прекината. Да биде иронијата поголема, на претседателските избори одржани на 15 декември 1999 година, кандидатот на СДСМ Тито Петковски во својата кампања изјавуваше “Сите во Македонија по државјанство сме Македонци!“ Му реплицирав “Тито, кога јас тоа го велев во 1992 година, СДСМ тоа го прогласи за фашизам, а мене заедно со ПДП ме прогласивте за фашист. Сега во 1999 година тешко или никако нема да успеете Албанците да ги натерате да кажат дека барем по државјанство се Македонци!“ Се разбира, никој Албанец кој ќе стори криминал во странство не се буни, кога во медиумите и судките постапки, поради македонското државјанство, сите го именуваат како Македонец. Значи, системски обидите за една држава едно општество СДСМ ги сруши во 1992 година, во времето на почетокот на возобновувањето на сувереноста и самостојноста на државноста! Сега во 2017 година, декларацијата “Ние сме за едно општество, Македонија на сите! Они се за Македонија само на Македонците!“ е лакрдија која нема врска со унитарноста и државноста, со една држава и со едно општество. Им се смеат сите, па и Албанците… Демек, откога Зоран Заев со селфите во Куманово по “Диво насеље“ ја откри Америка: Они демократите со “Македонија на сите“, а тие со “Македонија на Македонците“ фашистите… Но, и после се’ и покрај се’, ништо друго освен – Македонија на Македонците! Како што е Америка на Американците! Франција на Французите! Кина на Кинезите! Со сите права на националните малцинства, кои мора да ги почитуваат законите на мнозинството – на Македонскиот народ односно етнос (едно-с)! Загрижува молкот на факултетите, универзитетите, институтите, академијата, науката, за премолчувањето пред импровизациите со вакви зериозни теми, од дилетанти залутани во политиката и во власта! Ама и тоа ќе го надживееме…

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин!

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top