На прво место

СО ОСТАВКА ИЛИ АТЕНТАТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИЗБРАН ОД МНОЗИНСТВОТО, ДО ПРЕМИЕР НА МАЛЦИНСТВОТО?!

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Според членот 90 од Уставот, Собранието избира Влада,на предлог од мандатар кој добил мандат за нејзин состав доверен од претседателот на Републиката. Бидејќи претседателот на Републиката не доверува мандат за состав на Влада на СДСМ и ДУИ, се разработуваат опции како Ѓорге Иванов да се елиминира од оваа постапка.

Во членот 87 од Уставот се вели:

“1. Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.

2. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

3. Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.”

Оваа опција отпаѓа затоа што СДСМ и ДУИ немаат 80 пратеници.

Во членот 83 од Уставот се вели: “Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на Републиката одлучува Уставниот суд на Република Македонија со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.”

Оваа опција отпаѓа затоа што Уставниот суд не би влетал во авантура за одземање на имунитетот на претседателот. Ниту има двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии, ниту има дело за такво дејствие, освен ако му се “придодаде кривично дело што го прави недостоен за вршење на функцијата.”

Во членот 82 од Уставот, пак, се вели:

“1. Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.

2. Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност.Во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието.

3. Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување.”

Се вртат опции за избор на претседател на Собранието, кој би го доверил мандатот на кандидатот на СДСМ за состав на Влада, но за тоа потребно е претседателот на Репубчиката да биде спречен да ја врши функцијата. Значи, или

1. Претседателот Иванов да си поднесе самиот оставка, или

2. Врз него да биде извршен атентат со смртни последици или нарушување на здравјето што ќе го спречат да ја врши функцијата претседател.

Македонија има такво искуство и со Киро Глигоров и со Борис Трајковски. И двајцата беа жртви на атентат. Првиот го жртвуваа за да се ратификува Времената согласност со Атина во Собранието за промена на името и знамето, а врориот заради Законот за територијалната организација на локалната самоуправа. Во 1995 година СМК, ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија организираа протести низ Македонија против Македонско-Грчката времена согласност од 13 септември 1995 година. На 5 октомври 1995 година, се очекуваше најголемиот протест во историјата на Македонија, пред Собранието во Скопје, за да се спречи промената на името и знамето, дента кога се ратификува Македонско-Грчката времена согласност. Но, и ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија го откажаа протестот поради атентатот врз Киро Глигоров на 3 октомври 1995 година. Парламентарниот спикер Стојан Андон дури не почека епилог од атентатот, дали Киро Глигоров ќе преживее, експресно свика Собрание коешто го донесе Законот за ратификација на Македонско-Грчката времена согласност и го смени знамето на државата. Се’ помина тивко, без галама…

Атента врз Ѓорге Иванов е ризична операција поради драстично влошување на безбедносната состојба во земјата до граѓанска војна.

Но, опцијата за атентат врз Ѓорге Иванов не е исклучена… Скраја да е, ама во политиката се’ е можно, не се избираат средства да се оствари целта.

Мерките не безбедност на претседателот на Републиката треба да бидат на највисок степен на подготвеност за заштита на неговиот живот и здравје… Господ напомош…

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top