На прво место

Да ја браниме и чуваме оваа света земја

Да ја браниме и чуваме оваа света земја

Ве известуваме дека Здружението на воени инвалиди од 2001 година-“Бранител-2001“, едногласно на својата одржана седница го поддржуваат одзивот на граѓаните за обединување во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, бидејќи само единстевени можеме да покажеме сила и само така можеме во овие тешки времиња да опстоиме, свои на своето, бидејќи резервна татковина немаме а треба тука за навек да опстоиме каде што ни е и местото.

Во душите на нашите предци на овој древен народ Македонски тлеела желбата за слобода,споменот за загинатите и упокоените во сите војни во Македонија и за Македонија,низ сите агресии и извршени геноциди врз Македонскиот народ се слуша гласот на нашите предци кои го оставиле аманетот до сите нас-“Да ја браниме и чуваме оваа света земја“…

А ние бранителите од 2001 година го повикуваме нашиот народ со сите народи кои живеат братски со нас низ вековите, сите заедно да ја направиме повторно Македонија голема по делата и славата на нашиот Филип и неговиот син Александар!!!- како моќна цивилизација каде ќе нема раздор, каде ќе постои мир и љубов затоа што сите сме создадени од еден бог, сите ние сме божји чеда и сите треба да имаме и одговорност кон нашата татковина за нашите семејства за нашите идни генерации…Никој нема право ниедна партија или власт да го укине тоа право оваа слобода е платена со крв и затоа нема одстапка…

Македонија на Македонците!!! и на сите други братски народи кои не почитуваат и не поддржуваат за онаква Македонија која од секогаш била мајка за сите нејзини чеда…

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!!!

Потпретседател на здружението на воени инвалиди од 2001 г.

Лазо Наумов

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top