На прво место

Пожаранските водопади

pozaranski-vodopad

Длабоко долу,  во живописниот кањон на Пожаранска Река , тишината царува. Само шумолењето на листовите од гранките, повремената песна на планинските птици и татнежот на водопадите ја нарушува ваквата идила.

Вистината за постоењето на овие водопади е многу малку позната но сепак реална, затоа како што и ветивме, тргнавме кон едно ново патешествие – патот кој води до  Пожарански водопади наречени „БИСЕРИ“.

pozaranski-vodopad
Местоположбата на водопадите

Иако, до овие водопади може да се пристигне од неколку приоди, се одлучивме да тргнемe по најнепристапниот и за нас неизвесен пат кој што од селото, преку месноста „Лички Камен“ . потоа „Солишта“, „Чедроњивjе“ „Булина Чешма“  „Леништа“ и карпестиот дел на „Репуше“ , води до самото место.

Патеката по која се движевме и која на самиот нејзин почеток беше широка и проодна дури за теренско возило,  при влезот во месноста „Леништа“ едноставно престана да постои односно исчезна од пред нас. Затоа, натамошното движење кон целта се покажа како голем предизвик за нас.

pozaranski-vodopad-2
Патот по кој се пробивавме до водопадите

pozaranski-vodopad-3

Се движевме по сув терен со бујна вегетација, на моменти се среќававме со непроодни места што мораше да бидат заобиколени, но по некое време, спуштајќи се по стрмната и густа шума во која се чинеше дека одамна никој не поминал, успеавме да истераме до доле, до самиот кањон на реката. Се протнувавме низ гранки, корење, трње, почва што пропаѓаше со секој следен чекор. На крајот, некако успеавме да се пробиеме и до самото подножје на Пожаранските водопади.

Секако, таму се фотографираа само убави нешта…

pozaranski-vodopad-4
Пејсажи од речниот кањон и воедните каскади

pozaranski-vodopad-5

pozaranski-vodopad-6

Желбата да се видат водопадите од нивната непосредна близина од нашите тела го потиснуваше заморот кој веќе не имаше обземено и беше повеќе од очигледен.

По краткиот одмор направен покрај еден од живописните слапови на реката, продолживме да се движиме нагоре, по нејзиното течение , од левата страна на речното корито. После околу два часа севкупно напорно одење, пред нас  се појавија најнапред двата помали, а потоа и големиот Пожарански водопад , од која глетка за момент и здивот застанува… Едноставно занемувате пред убавината што се отвара, што се нуди пред вашите очи.

pozaranski-vodopad-7
ГОЛЕМИОТ БИСЕР

Неговата височина изнесува околу 15 м, и како таков е најгомем по течението на оваа река. Водата на овој водопад, која вртоглаво паѓа по каменото корито, во подножјето силно удира на една камена плоча, од која се распрснуваат билиони водени капки правејќи водена завеса. Тука, во завесата од водената прашина на водопадот, температурата е околу дваесетина Целзиусови степени, па можете слободно да се разладите па дури и избањате.   

Инаку водопадот е тешко пристапен и се наоѓа во густа букова шума, што заедно со бистрата речна вода која се прелева кон околината му дава посебна убавина. На педесетина метри надолу по течението на реката, распоредени во низа со височина од 3 до 5 метри има уште два помали водопади кои го надополнуваат амбиентот. Секој од нив има сопствена убавина по која се одликува.

pozaranski-vodopad-8
СРЕДНИОТ БИСЕР

pozaranski-vodopad-10
МАЛИОТ БИСЕР

На ова место,  долината на Пожаранска Река е тесна и скоро вертикална со изглед на мал кањон. Oд лево и десно  високи карпи до триесетина метри, со појава на огромни карпести блокови, настанати со механичко распаѓање. Сето ова, надополнето со свежата и пријатна клима, чистиот воздух, зеленилото и бујната вегетација, прават посетата на овој простор да биде особено и неповторливо доживување кое долго ќе се памети како и  интересна рута за планинарење.

„Оваа убавина може да се доживее само доколку се види од близу и никако поинаку“, беше коментарот на еден од моите соговорници.  Тука, зборовите не се потребни, тие можат само да и наштетат на убавината. „Мора да се направат напори до овој водопад де се пробие односно направи безбедна пешачка патека како би можело полесно да се стигне до самиот водопад“- прокоментира вториот мој соговорник. Вака, водопадот би останал далеку од очите на јавноста, кое нешто би преставувало огромна штета како за сите љубители на прородните убавини така и за село Пожаране кое го нуди сето тоа.

По измнинатите повеќе од еден час на одмор и другарување со водопадите на Пожаранска Река, го напуштивме ова место, овој пат движејќи се по една многу полесна патека која се протега низводно, долж течението на реката  од нејзината десна страна, при тоа движејќи  се така се до Пожаранската стара воденица, а од таму продоживме да се движите по широкиот земјен пат кој многу полесно и побезбедно ќе Ве  одведе право до село Пожаране.

pozaranski-vodopad-10

pozaranski-vodopad-11

pozaranski-vodopad-12

Екипата која работеше на реализација на проектот

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top