На прво место

Остра осуда на навредата на Трифун Костовски врз македонците од егејскиот дел на Македонија!

trifun-k

ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ПО ПОТЕКЛО ОД ЕГЕЈОТ “СВЕТИ ГЕРМАН” СКОПЈЕ

– Здружението на Македонците по потекло од Егејот “Свети Герман“ најостро ја осудува изјавата на Трифун Костовски кој грубо ги навреди Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија. “Свети Герман” го повикува Трифун Костовски да престане да одработува за туѓи агенди и интереси и да не го дели, поткопува и распарчува македонското национални ткиво.

trifun-k

Во писмената реакција од “Свети Герман” понатаму се вели: Незрели се политиките со коишто се сака поткупување преку грбот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија! Кога некој ќе изгради божји храм, се мисли дека ја разбрал животната поука, која ако ништо друго, доаѓа со годините. Но, не било така! Однесувањето на некои луѓе е непоправливо. Интересот е вечен, општо е познато. Господинот Трифун Костовски  со својата изјава го гледа само својот интерес! Такви се умовите кои немаат сознание за татковината и за браќата по род. Години наназад се изнаслушавме и добри и лоши стории за Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Среќавме личности кои не ја знаеа голготата на своите браќа и сестри по род. Сепак, откако ќе слушнеа што се’ им се случувало на нивните браќа и сестри, ја прифаќаа вистината за Македонците по потекло од Егејот, ја прифаќаа вистината,  која ја доживеале нашите родители, баби и дедовци.

Доколку некој не знае простено нека му е. Но, ако знае и продолжува понатаму, тоа е само до неговата лоша матрица. Обично, ваквите ликови соработуваат со секоја можна опција која по секоја цена се обидува да дојде на власт!

Mакедонците од Егејскиот дел на Македонија ја доживеаја голготата на Граѓанската војна во Грција, беа протерани, и знаат што значи физички да те избршат од својата земја, од родните огништа и затоа така жестоко ја бранат својата татковина Република Македонија. Македонците од Егејскиот дел на Македонија секогаш биле и ќе бидат вградени во македонското општество и секогаш ќе го бранат и чуваат генот македонски. Во миговите кога некој се обидува да го избрише името и родот македонски, за Македонците од Егејскиот дел на Македонија нема дилема дали треба да се излезе и да се протестира. Секој оној кој не е свесен дека во овие мигови се работи за разнебитување и бришење на се’ што е македонско, се лаже себеси, но се обидува да ги излаже и сите други Македонци.

Ние многу добро знаеме што значи тоа кога некој сака да те избрише, откорне и протера. Токму затоа не сакаме тоа да го види и почувствува Македонскиот народ во својата единствена татковина. Неприродната поделба на Вардарци, Пиринци, Егејци и Горанци, му носела и му носи штета на Македонскиот народ во целина. Но, тоа како да не е важно за господинот Трифун Костовски. За жал, кај господинот Костовски никако да се разбуди патриотското чувство. Изјавата од 13 март на Трифун Костовски е за осуда! Крајно себично, непромислено, срамно, ниско и нечовечки!

За здружението “Свети Герман” има само една вистина: Има Македонци, кои постоеле и ќе постојат.

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top