На прво место

СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР во Тринген, Швајцарија ЗА УНИТАРНА И ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА НА 25 МАРТ

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ШВАЈЦАРИЈА

СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР ЗА УНИТАРНА И ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА НА 25 МАРТ

22 март 2017 година, Тринген, Швајцарија

– Во организација на македонските православни црковни општини во Тринген, Лозана и Лукарно во Швајцарија, ќе се одржи Семакедонски собир на 25 март 2017 година, сабота, со почеток во 18.30 часот.

Семакедонскиот собир ќе ја осуди таканаречената “тиранска платформа“ за бинационална и двојазична Македонија и ќе побара македонскиот јазик да биде еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи!

Семакедонскиот собир ќе даде целосна поддршка за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците од Швајцарија се приклучуваат на движењето “За заедничка Македонија“ и ја поддржуваат унитарноста на Македонија и непроменливоста на Уставот. За Македонците во Швајцарија неприфатлива е таканаречената “тиранска платформа“, како услов за формирање на Влада во Македонија.

Македонците од Швајцарија ја отфрлаат во целост и се спротивставуваат на редефинирање, кантонизација, федерализација, промена на име, знаме и химна на Македонија.

На Семакедонскиот собир ќе се прочита Декларација за унитарна Македонија којашто ќе биде упатена до Организацијата на Обединетите Нации, Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Народна Република Кина, Република Франција и Обединетото Кралство Велика Британија како и до властите во Швајцарија и Македонија.

Текстот на Декларацијата гласи: (1) Македонците од Швајцарија, како нераскинлив дел од Македонскиот народ изразуваат загриженост за унитарноста и државноста на Македонија, за името на државата и идентитетот на нацијата!

(2) Македонците од Швајцарија отфрлаат федерализација и службеност на албанскиот јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи!

(3) Македонците од Швајцарија сметаат дека само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е еден и единствен службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи!

(4) Македонците од Швајцарија го повикуваат демократскиот свет да ја поддржи унитарноста и државноста на Македонија, името на државата и идентитетот на нацијата!

(5) Македонците од Швајцарија сметаат дека Македонија е држава на Македонскиот народ како единствен носител на државноста, во која сите се еднакви пред Уставот и законите, независно од социјалниот статус, етничкото потекло, верското уверување и партиската припадност!

(6) Македонците од Швајцарија бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка-Република-како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик туку на англиски јазик, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој се уште трае!

(7) Македонците од Швајцарија ја отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната!

(8) Македонците од Швајцарија бараат попис на населението!

(9) Македонците од Швајцарија отфрлаат владина коалиција којашто нема да ја почитува оваа Декларација!

(10) Македонците од Швајцарија повикуваат на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

(11) Македонците од Швајцарија го поддржуваат движењето “За Заедничка Македонија“ во татковината!

Најново од: На прво место

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

To top