На прво место

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА МАНТ ЛА ЖОЛИ ФРАНЦИЈА СО ПИСМЕНА ПОДРШКА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

111

111

Господине Претседател на Републиката,

Актуелната ситуација во Република Македонија особено не загрижува сите и со големо внимание ги следиме одвивањата на настаните.

Ние знаеме колку Република Македонија претрпи и продолжува да се справува со мигрантската криза и покрај тешката внатрешна политичка ситуација во која што се наоѓа последниве години. Ние ја препознаваме и поздравуваме оваа помош спрема Европа, во решавањето на мигрантската криза.

Нашиот град Мант ла Жоли, покрај своите жители Македонци ја има госпоѓа Сузана Сурловска, Претседател динамичен на Француско-македонската асоцијација Блаже Конески, која е многу имплицирана во асоцијативниот живот на градот. Како пријател на Македонија , таа ме сензибилизира за актуелната политичка ситуација,  ви ја искажувам мојата целосна подршка, Господине Претседател на Републиката, за сите ваши напори направени и предвидени во решавањето на кризата во државата.

Ние се надеваме дека Република Македонија ќе пронајде исход, кој ќе ги задоволи жителите на Македонија, кои се загрижени за нивната иднина исто така да ја сочува Македонија основана спрема мултиетничките и мултикултурните принципи. Едно мирно и демократско решение, кое ќе и овозможи на Република Македонија како земја членка наскоро приклучување кон Европската Унија.

Повторно ви ја искажувам мојата подршка,

Ве молам да верувате Господине Претседател на Републиката,  искажувајки ги моите посебни чувства и мојата висока почит.

Michel VIALAY

Градоначалник на Мант ла Жоли

Текстот го преведе: Сузана Сурловски

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top