На прво место

Во Балканската федерација Македонија со Пирин и Солун

pirin-solun-180

pirin-solun-180Во еден од милионите документи на ЦИА се наоѓа и еден интересен документ од 5 јуни 1947 година насловен како „Македонија и Балканската федерација”. Во овој документ пишува дека Бугарската комунистичка партија се согласила да го даде пиринскиот регион на Македонија, ако лидер на новата Балканска федерација биде Ѓорги Димитров, а не Јосип Броз Тито.

pirin-solun

РЕШЕНИЕ ЗА БАЛКАНСКИТЕ ПРОБЛЕМИ

Во документ на ЦИА од 1947: Во Балканската федерација Македонија со Пирин и Солун.

Во еден од милионите документи на ЦИА се наоѓа и еден интересен документ од 5 јуни 1947 година насловен како „Македонија и Балканската федерација”. Во овој документ пишува дека Бугарската комунистичка партија се согласила да го даде пиринскиот регион на Македонија, ако лидер на новата Балканска федерација биде Ѓорги Димитров, а не Јосип Броз Тито.

Според овој документ политбирото на Бугарската комунистичка партија во 1947 година било подготвено на Македонија да му го отстапи пиринскиот регион како дел од решенијата за балканските проблеми. Како отстапка за ова, Бугарија сакаше да добие излез на Егејско море заедно со дел од грчко-бугарската граница, Македонија да го добие Солун, а лидерот на нивната партија, Ѓорги Димитров, а не Маршалот Тито (лидерот на Комунистичката партија на Југославија) да ја води Балканската федерација.

Бугарските комунисти како вовед за ова предложиле и договор за царинска и монетарна унија и блиска економска, културна, воена и политичка соработка.

pirin-solun-2

Во овој документ се споменува и Стела Благоева која во Москва требала го презентира овој предлог. Тука се и имињата на Христо Калајџиев и Владимир Поптомов, претставници на политбирото на БКП, кои имале специјални одговорности во врска со прашањето за Балканската федерација. Се споменува и некаква тајна средба со Никос Захариадис, водач на грчките комунисти во тоа време со лидерот на албанските комунисти на Кајмакчалан.

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) неодамна објави околу 13 милиони страници од нивните документи кои веќе не се доверливи и се достапни за јавноста.

pirin-solun-3
Димитров и Тито

Идејата за Балканска федерација се споменува уште кон крајот на 19 век. Таа идеја беше секогаш меѓу прогресивните политички мислители од регионот. На 15 јануари 1942 година договор за ваква федерација потпишале кралевите на Грција и Југославија. Основниот принцип на договорот е „Балканот на балканските народи“, меѓу кои, тогаш воопшто не се споменува македонскиот народ. Кралот на Хелените, Георги Втори, и кралот на Југославија, Петар Втори Kараѓорѓевиќ, тогаш се наоѓаат во егзил во Kаиро, одржуваат говори по повод потпишувањето на договорот и изразуваат надеж дека федерацијата ќе им обезбеди „среќа и просперитет на народите на полуостровот“.

Во активностите за формирањето на грчко-југословенската федерација без Македонија, тогаш се разгледувала и варијантата за приклучување кон федерацијата и на Романија, Албанија и Бугарија, како противтежа на руското влијание на Балканот.

По Втората светска војна комунистите ја преземаат оваа идеја за обединување на балканските држави и почнуваат да ја актуелизираат како едно од можните решенија за горливите балкански прашања. 

МКД

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top