На прво место

СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА НА 23 АПРИЛ ВО СИДНЕЈ!

sidnej

sidnejВо организација на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија со Културно-уметничкото друштво ИЛИНДЕН од Сиднеј и македонските организации во Нов Јужен Велс, на 23 април 2017 година, недела, со почеток од 11.30 часот до 14.00 часот во Tumbalong Park, DARLING HARBOUR во Сиднеј, ќе се одржи Семакедонски собир за заедничка и унитарна Македонија!

Семакедонскиот собир ќе изрази силна поддршка на претседателот на Републиката проф.д-р Ѓорге Иванов.

Семакедонскиот собир ќе ја осуди таканаречената “тиранска платформа“ за бинационална и двојазична држава!

Македонците во Австралија сметаат дека само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо треба да биде еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи.

Семакедонскиот собир ќе даде силна поддршка за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во Австралија бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државниото име Македонија со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југозападна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик, туку на Англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој се’ уште трае!

Македонците во Австралија се приклучуваат на движењето “За заедничка Македонија“ и ја поддржуваат унитарноста и државноста на Македонија!

Македонците во Австралија ги отфрлаат во целост редефинирањето, кантонизацијата, федерализацијата на нивната татковина Македонија!

Македонците во Австралија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната според “тиранската палтформа“!

Макаедонците во Австралија бараат попис на населението!

Македонците во Австралија повикуваат на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што силата е во единството!

– Очекуваме масовно присуство и силна поддршка од Македонците во Австралија за татковината Македонија и за Македонскиот народ во целина! Нашите корени се во Македонија, повикуваме на семакедонско помирување и обединување и одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, одбрана на унитарноста и државноста на Македонија – изјави Џим Стефановски, национален ко-претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Австралија и претседател на СМК за Нов Јужен Велс.

Повеќе информации може да се добијат кај Џош Шерман на 0404 493 363 и кај Стефан Каранфиловски на 0404 159 928.

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top