На прво место

ОБЈАВЕНА Е ДЕВЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

antickite-makedonci-ne-bile-grci

Александар ДОНСКИ

Сведоштва од античко-македонски генерал и од старогрчки картограф според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“

antickite-makedonci-ne-bile-grci

Деновиве на Youtube е поставена деветтата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Деветтата епизода е посветена на сведоштва од македонскиот генерал Коен и античкиот картограф Дикеарх од Месана.

КОЕН (IV ВЕК ПРЕД ХРИСТА)

Коен (Coenus) бил еден од најдоверливите гене­рали на Александар Трети Велики Македонски. Го­дината на неговото раѓање е непозната, но се смета дека починал во 326 година пред Христа. Тој го придружувал Александар за време на походот во Азија, со тоа што есента 334 година пред Христа  се вратил во Македонија заедно со други војници и офицери кои добиле одмор, по што пак се придружил на Македонската војска (во малоазискиот Гордиум) Тоа било пролетта 333 година пред Христа. Потоа учествувал како командант на пешадијата и фалан­гата во најзначајните битки на Александар. Сепак во пишаните извори Коен останал запаметен по својот говор што го одржал пред Александар и кој во голема мера е зачуван од страна на старогрчкиот историчар Аријан.

Во епизодата за Александар Велики Маке­донски го спомнавме говорот што овој цар го одржал пред своите офицери кога тие, на барање од војниците, одлучиле да не го следат натаму во конечното освојување на Индија и посакале да се вратат во своите домови. Меѓутоа, никој од нив отпрвин не се осмелувал да му го соопшти тоа. Алек­сандар сфатил што се случува, ги повикал на состанок своите офицери и им одржал говор во кој ги потсетил за сите достигнувања што ги добиле со походот против Персија. Веќе спомнавме и дека во својот говор Александар јасно ги издвоил Маке­донците од Грците.

По овој негов говор офицерите долго молчеле, а потоа Коен, собрал храброст и му се обратил. Коен му рекол на Александар дека офицерите се пребла­годарни и задоволни од она што досега го постигнале и добиле од својот цар, но дека сепак дошло време да се стави крај на натамошните напредувања.  Меѓу другото Коен  рекол:

„Вие го знаете бројот на Грците и Македон­ците кои го почнаа ова освојување, а можете да видите и самиот колку останаа денес. Тесалијците ги испра­тивте дома од Бактрија бидејќи знаевте дека нивните срца не се повеќе внесени во оваа работа. Овде вие муд­ро постапивте. Другите Грци беа населени во новите градови што ги основавте во кои тие останаа не сосема по своја желба. Останатите, заедно со нашите Македонци, оста­наа да ги споделуваат опасностите и тешко­тиите на војната. Некои од нив беа убиени, а некои онеспособени заради тешките ранувања, при што беа оставени во разни делови на Азија, каде мнозина од нив умреа заради болест. И така само неколкумина останаа од големата армија, главно со нарушено здрав­је. Нивната виталност и решител­ност исчезнаа. Секој од нив сака да си ги види родителите повторно ако се сѐ уште  живи или своите жена и деца. Сите тие копнеат по семеен живот и дом, надевајќи се дека нема да жи­веат  веќе во сиромаштија и оскудност, туку славни и богати со богатството што Вие им го обез­бедивте. Не обидувајте се да водите луѓе кои немаат веќе волја да Ве следат. Ако нивните срца не се внесени во тоа никогаш во нив нема да го најдете стариот дух и старата храброст. Поарно посветете се на враќање кај Вашата мајка и дом…. А потоа, ако посакате, повторно можете да превземете експедиција против Индијците на исток или, ако сакате, кон Црното Море или кон Карта­гина и либиските територии. Ваше е да одлучите. Други единици Грци и Македонци ќе Ве следат – млади и свежи единици ќе ги заменат Вашите ветерани.“ (Аријан, цит. дело, стр. 292 – 298).

Коен на крајот укажал дека секој треба да знае кога да запре со некоја работа. Присутните офицери му аплау­дирале, а Александар разочаран им рекол дека оној што сака, може да си оди дома.  Потоа, како што е познато, Александар налутен се повлекол во својот шатор потајно надевајќи се дека офицерите ќе се предомислат. Но, откако тоа не се случило, тој ги известил офицерите дека одлучил војската да престане со освојувањата и да се врати назад.

И овој говор на Коен Аријан го превзел од изгубената историја на Птолемеј

Она што е важно е фактот дека и во говорот на офицерот Коен сосема јасно се издвоени Маке­донците од Грците, т.е. тие се спомнати како два различни народа („…Вие го знаете бројот на Грците и Македонците кои  го почнаа ова освоју­вање…“ и „…Други единици Македонци и Грци ќе Ве следат…“).

Практично овде имаме уште едно сведоштво од антички Македонец кој јасно ги издвоил Македон­ците од Грците.

ДИКЕАРХ (IV И III ВЕК ПРЕД ХРИСТА)

Дикеарх (Dicaearchus) од Месана се родил околу 350, а починал околу 285 година пред Христа. Тој бил познат старогрчки филозоф, картограф, географ и математичар. Бил ученик на Аристотел и современик на Александар Велики Македонски. Многу малку од неговите дела се зачу­вани до денес. Едно од неговите најпознати дела (денес познато под името „Животот на Грција“) било посве­тено на историјата и географијата на грчките тери­тории. Во него биле опишани низа сегменти од животот и културата на Хелените. Во првиот том (од вкупно три)  Дикеарх  дал детален опис на географијата и историјата на Хелените. Во врска со границите на нивните територии, Дикеарх  запишал:

„Границите на Грција ги лоцирав во земјата на Магнесијанците… Над Темпе, кон планината Олимп, се наоѓа земјата на Македонците.“

Тој пишува и дека грчките територии почнувале од Амбракискиот залив (се наоѓа јужно од Епир) и завршува кај реката Пена („Меморандум за античките граници на Грција“; British documents of foreign affairs, Part I, Series F, Europe 1848 – 1914, Vol. 14 “Greece, 1847 – 1914”, University publications of America).

Практично и за Дикеарх немало сомнение дека Македонците не биле никакви Грци.

Деветтата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=KqCNI_J33_0&feature=youtu.be

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на:  https://www.gofundme.com/aleksandardonski

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top