На прво место

Калашите, потомците на Александар Македонски, Пакистан ги призна како посебна верска и етничка група!

Kalash-tribe-girl

Kalash-tribe-girl

Калашите, кои тврдат дека се потомци на војниците на Александар Македонски, со векови живееле во изолација во Пакистан. Сега ова мала заедница коначно е призната како посебно верска и етничка група. Тие сега ќе можат да се изјаснуваат како Калаши на првиот попис во Пакистан што се одржува по 20 години!

Калашите  се мала етничка група која живеат на планинските области на Хиндукуш, на границата меѓу Авганистан и Пакистан. Нивната земја (воедно со онаа на нуристанците) се нарекува Кафиристан (земја на неверниците) бидејќи тие со векови упорно одбиваат да го прифатат исламот.  Кон крај на 19 век дел од нив се присилно ислиманизирани, но, над половина население сеуште јавно ги спроведува старите индо-ариевски култови.

Со векови, членови на античкото племе Калаши, кои живеат во далечните планински предели во северозападен на Пакистан, беа заштитени и заборавени од надворешниот свет. Оваа заедница кој уште ја именуваат и како Румбор, Бумборет и Бирир, ја населуваат долината Калаш поделена на три помали долини Рукму, Мумурет и Бири по течението на реките Алингар, Печ, Ланда Син и Кунар. Тие се групирани во повеќе села Дрош, Свер, Калкатак, Беор, Ашурат, Јинират.

Физичкиот изглед на Калашите ја прави оваа етничка група уникатна, единствена и несвојствена за целиот овој поширок регион.  Тие имаат посветол тен на кожата, плави очи и светла плава коса. Тие ги спроведуваат старите пагански верувања, ритуали и богови, а јазикот наречен Khalasha е различен од оние кои се говорат во околината. Тие имаат богата култура и традиција, а еповите, љубовните песни демонстрираат во голема мера автентична мудрост и човечко искуство.

Калашите се сметаат себеси за директни потомци на војниците на Александар Македонски, кои пред повеќе од 2.300 години поминале низ регионот. Тие го викаат Александар Маќедон (од Маќедонија), кој во својот поход кон Индија во 327 година пр.н.е. дошол во Кафаристан и на стратешките места основал населби и војнички стражарници во кој оставил дел од своите трупи. Пред заминувањето Александар оставил аманет на своите војници да ја чуваат територијата до неговото повторно враќање од Далечниот исток и притоа да не ја менуваат својата вера, традиција и култира.

Калашката заедница, која денес брои околу 4.000 луѓе, имаше можност во текот на 22 вековната изолираност да го сочуваат својот посебен јазик, вера и начин на живеење. Меѓутоа, Пакистанската влада долго време им го  негираше правото на Калашите да бидат признати како посебна етничка заедница.

Односот на Пакистан се смени во април годинава кога регионалниот суд во градот Пешавар и официјално ја призна оваа заедница како посебна етничка и верска група. Тие сега ќе можат да се изјаснуваат како Калаши на првиот попис во Пакистан што се одржува по 20 години. 

Вазир Зада (32 години) е човекот кој со години се борел да го оствари својот сон и сонот на заедницата да бидат признати како посебен идентитет. Тој стои зад петицијата за признавање на Калашите. Како што ќе изјави Зада „веста се проширила низ селата како оган и луѓето се многу среќни. Дури и муслиманските соседи се среќни.“ Тие велат „нашите браќа сега добија идентитет“, додава Заба, наведувајќи притоа дека сега ќе ги добијат сите права и обврски како што ги имаат другите заедници во Пакистан. 

Половината од Калашите кои не наликуваат на ниту една друга заедница во Пакистан. практикуваат форма на антички Хиндуизам со влијание на пагански верувања. Тие прославуваат верски празници со музика, игри и алкохол кои сами го произведуваат. 

Нивните ритуали вклучуваат мажени жени да бегаат за други мажи, како и момчињата да имаат сексуален однос со која било жена што ќе ја изберат кога ќе достигнат пубертет. Други ритуали вклучуваат жртвување десетици кози.

(извор: https://www.rferl.org/a/28439107.html)

Македонска нација

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top