На прво место

ЗАГРИЖЕНОСТ ОД НАТАМОШНА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА И РЕГИОНОТ!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ЗАГРИЖЕНОСТ ОД НАТАМОШНА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА И РЕГИОНОТ!

28 април 2017 година, Скопје, Македонија

-Светскиот Македонски Конгрес (СМК) смета дека вчерашната прокламација на Талат Џафери за “претседател” на Собранието претставува грубо кршење на Уставот и собранискиот Деловник и обид за државен удар што ја нарушува безбедноста во државата и регионот! На тој начин пратениците извршија кривично дело злоупотреба на службената должност и овластувањата и кривично дело самовластие!

СМК изразува жалење заради несоодветната реакција на надлежните органи и загриженост од натамошна дестабилизација и контролирана нестабилност во државата и регионот поради туѓи и други интереси за свои сфери на влијание на овие простори.

СМК го осудува физичкото и политичкото насилство и ги повикува граѓаните на воздржаност и на почитување на јавниот ред и мир, потсетувајќи на неповредливоста и неприкосновеноста на животите и имотите.

СМК смета дека народот и граѓаните имаат право на самоодбрана на законодавниот дом од узурпација на власта, откако шеесет дена никој не посвети внимание на мирните протести во Републиката и меѓу Македонците во светот од движењето “За заедничка Македонија“ и на нивните барања, посебно после прокламацијата на Талат Џафери за “претседател” на Собранието спроти 16-годишнината од масакрот на терористи на ОНА врз осум припадници на Вооружените сили на Македонија кај Вејце на 28 април 2001 година чиј командант беше именуваниот и пеењето на државната химна на Република Албанија од собраниската говорница.

СМК смета дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ требаше да го оневозможат вчерашното самовластие на пратениците на СДСМ во големата собраниска сала од 18.00 часот после крајот на продолжението на конститутивата седница.

СМК го осудува скандалозното и дрско однесување на пратеникот Зеќирија Ибрахими од БЕСА поради пеењето на државната химна на Република Албанија од собраниската говорница спротивно на Уставот, Закон и Деловникот на Собранието, како чин на агресија врз суверенитетот на Република Македонија!

СМК изразува разочарување од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои требаа да го оневозможат пеењето на државната химна на Република Албанија од собраниската говорница.

СМК ја осудува незаконската употреба на оружје во Собранието од личното обезбедување на пратениците на СДСМ и укажува на непримерното однесување на Собраниската полиција која таа пракса ја толерира и кон пратениците и кон нивното лично обезбедување при влез во собраниската зграда.

СМК апелира пратениците да се откажат од непромислени обиди за прокламација на нова Влада без мандат од Претседателот на Републиката поради натамошно продлабочување на политичката криза.

СМК смета дека актуелната Влада треба да остане на должност до изборот на нова Влада во согласност со Уставот, Закон и Деловникот на Собранието.

СМК потсетува дека претседателот на Собранието од претходниот состав е единствен наредбодател на Собраниската стручна служба и на Собраниската полиција до крајот на конститутивната седница на Собранието.

СМК и натаму смета дека единствено уставно решение за излез од политичката криза е одржување на нови парламентарни избори заедно со локалните избори.

СМК го повикува Претседателот на Републиката да го свика Советот за безбедност на Републиката заради решение на политичката криза во Македонија и превенција од кривично дело велепредавство поради државен удар со прокламација на нова Влада без мандатар и промена на уставниот поредок.

СМК го осудува грубото мешање на Европската Унија и на Американската амбасада во Скопје во внатрешните работи на Македонија и ги повикува земјите членки на Советот за безбедност и на Обединетите Нации да го заштитат територијалниот интегритет и суверенитетот на Република Македонија.

СМК, врз основа на стратешкото партнерство, бара Соединетите Американски Држави да го почитуваат територијалниот интегритет и суверенитетот на Република Македонија и да не се мешаат во нејзините внатрешни работи преку амбасадорот Џес Бејли!

СМК од Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп бара безусловно разрешување на Џес Бејли од функцијата американски амбасадор во Македонија.

СМК бара претседателот на Републиката да го извести Советот за безбедност на Обединетите Нации за обидите за дестабилизација на Македонија и да објави крај на разговорите за разликата со името со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија со Резолуција до Генералното Собрание!

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top