На прво место

Во Охрид промовирано македонското патриотско здружение „Методија Патче“

metodija-patce-1

metodija-patce-1

МПЗ „Методија Патче“ е здружение на граѓани со патриотска провиниенција, коешто првенство ги чествува сите дејци знајни и незнајни, комити и војводи од охридско-струшкиот регион, изјави Горан Лазороски, еден од основачите на здружението.

Со интонирање на македонската химна во исполнение на Петар Нечовски, синоќа во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ беше свечено промовирано новото македонско патриотско здружение „Методија Патче“ од Охрид.

Како што информираше Горан Лазороски, еден од основачите на МПЗ „Методија Патче“ , здружението е активно веќе месец и половина, регистрирано според сите законски одредби во Централниот регистар, а досега имале и неколку активности: чествувања и панихиди на македонски војводи.

metodija-patce-22

„МПЗ „Методија Патче“ е здружение на граѓани со патриотска провиниенција, коешто првенство ги чествува сите дејци знајни и незнајни, комити и војводи од охридско-струшкиот регион, а се разбира и на другите еминентни личности кои се бореле за Македонија. Во нашата програма имаме опфатено и хуманитарни, спортски и дружења во природа, како и едукација и одржување на историски трибини“, вели Лазороски.

На синоќешната свечена промоција на Здружението, свои обраќања имаа дел од основачите на здружението, а во културно уметничкиот дел настапи групата „Света Софија“ која ги исполни песните „Јас Методи Патче од Охрид“ и „Песна за Христо Узунов“.

Во прилог погледнете како изгледаше настанот кој вчеравечер се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“, низ објективот на ОХРИД 24.

metodija-patce-3

metodija-patce-4

metodija-patce-6

metodija-patce-7

metodija-patce-8

metodija-patce-9

metodija-patce-10

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top