На прво место

СМК изразува жалење заради несоодветната реакција на надлежните органи

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ЗЛОУПОТРЕБА НА ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА И НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

3 мај 2017 година, Скопје, Македонија

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува разочарување од легитимацијата на прокламацијата за Талат Џафери како “претседател“ на Собранието на Република Македонија и натаму смета дека тоа претставува грубо кршење на Уставот и собранискиот Деловник и обид за државен удар што ја нарушува безбедноста во државата и регионот! На тој начин пратениците извршија шест кривични дела од Кривичниот законик: велепредавство (членот 305), терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста (членот 313), повикување на насилна промена на уставниот поредок (членот 318), злоупотреба на службената положба и овластување (членот 353), лажно претставување (членот 391) и самовластие (членот 392)!

СМК изразува жалење заради несоодветната реакција на надлежните органи.

СМК ја осудува злоупотребата на државното знаме на Република Албанија во кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија, во спротивност со Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија и од надлежните органи бара негово итно отстранување и санкционирање на сторителот!

СМК го осудува грубото мешање на европскиот амбасадор Самуел Жбогар и на американскиот амбасадор Џес Бејли во прокламацијата за Талат Џафери како “претседател“ на Собранието на Република Македонија и бара остра реакција од Министерството за надворешни работи на Република Македонија заради нивно грубо мешање во внатрешните работи надвор од овластувањата и дипломатскиот статус!

СМК, истовремено, најостро протестира поради злоупотребата на албанскиот јазик од Талат Џафери на средбата со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, на 1 мај во Собранието на Република Македонија, со што е суспендиран членот 7 став 1 од Уставот на Република Македонија според којшто “на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“! Меѓунардодните односи не подразбираат само странство, туку и средби со странци во Македонија!

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top