На прво место

ВЕЧНАЈА ПАМЈАТ НА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО АНТИТЕРОРИСТИЧКАТА АКЦИЈА

96706614

96706614ВЕЧНАЈА ПАМЈАТ НА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО АНТИТЕРОРИСТИЧКАТА АКЦИЈА ВО ДИВО НАСЕЉЕ, КУМАНОВО ВО 2015 ГОДИНА

– Денес е тажен ден за Македонија, за семејствата на загинатите припадници на Македонската полиција од антитерористичката акција во Диво насеље во Куманово во 2015 година. Денес се навршуваат пет години од кобниот 9 мај 2015 година и антитерористичката акција која започна рано утрината во 04.30 часот во саботата на 9 мај и траеше непрекинато 28 часа, сè до 10 часот во неделата на 10 мај.

На денешен ден во 2015 година беше спречена нова војна во Македонија!

Во антитерористичката акција на македонската полиција осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на татковината:

– Жарко Кузмановски (роден 1981), од с. Брвеница, Тетово

– Ненад Серафимовски (роден 1987), од с. Зубовце, Гостивар

– Сашо Самојловски (роден 1982), од с. Брвеница, Тетово

– Бобан Ивановиќ (роден 1968), од с. Стајковци, Скопје

– Горан Илијевски (роден 1974), од Гостивар

– Исамедин Османи (роден 1983), од с. Студеничани, Скопје

– Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966), од Скопје

– Горан Стојменовиќ (роден 1970), од Миладиновци, Скопје

Загинаа за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија…

Нека остане вечен поменот и споменот за тие кои ја бранеа татковината од терористичката ОНА, која во Македонија се бореше за територии и “Голема Албанија”, “за ослободување на албанските земји од славомакедонските окупатори”…

Овој датум и овие херои вечно ќе останат запишани во најновата македонска историја.

Вечнаја памјат и слава им! Било, да не се повтори, но…

Хероите никогаш не умираат! Амин…

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top